Контакт

Македонија

Не сум ги разбирал забелешките – Јанакиески негира дека го оштетил буџетот со „Сончев град“

Објавено пред

По три години судења, ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, даде исказ пред судот за случајот „Топлик“. Тој негира дека го оштетил буџетот, како и дека намерно формирал втора комисија бидејќи претходната се изјаснила дека не биле исполнети условите за јавно наддавање за изградба на резиденцијалната населба „Сончев град“ во Сопиште.

dobivaj vesti na viber

Јанакиески негира дека имал контакт со членови од втората комисија, а ниту побарал да реализираат јавно наддавање со недостатоци.

„Ниту за ова ниту за другите стотици барања за продажба на земјиште не сум доставил согласност, ниту Обвинителството достави доказ дека јас сум издал согласност. Никој, ниту јас ниту членовите на комисијата, не можел да знае што ќе се случи во иднина, односно цели четири години по завршувањето на јавното наддавање. Бидејќи детаљно ги анализирав сите докази, можам одговорно да тврдам – нема никаков пропуст. Министерството за транспорт и врски во однос на спогодбата истакнува дека се дава предлог-записник само доколку не му се нанесува штета на буџетот на РМ. На дискусијата во Владата и на состаноците кај Владимир Пешевски, како тогашен потпретседател на Владата, можам да заклучам дека Владата немаше да даде соглсност ако Уставниот суд не дадеше укинување на ДУП за Сопиште. Доколку немаше таква одлука на судот, судските спорови ќе си продолжеа и граѓанскиот суд ќе одлучуваше дали постојат услови за раскинување на предметниот договор, како и каде постои вина“, изјави Јанакиески објаснувајќи ја целата постапка и зборувајќи за затезната камата што јавниот обвинител Бурим Рустеми ја смета за штета на буџетот, а која настанала отпосле.

Тој посочи дека не се сеќава дека сменил член на комисија, без разлика дали се приватни или службени причини. Според него, промената на комисијата била поради болест на претседателката.

„Три години чекам на овој момент. Не може цела одговорност да биде на министерот, има хиерархија со соработници, заменици, раководители. Јас како министер што го претставува Министерството во правниот промет правам две работи: носам решение за формирање комисија и на крајот на постапката, кога ќе добијам информации од комисијата дека е сѐ во ред со постапката со предлог за склучување на договорот, го склучувам тој договор. Помеѓу тие две фази се активира претходната хиерархија на Министерството. Сите потпишани решенија беа изготвувани од Секторот за нормативни и правни работи во соработка со државниот секретар Сашо Срцев. За конкретното решение за формирање комисија јас сум морал да ја потпишам и никој друг. Не дека сум сакал, туку сум морал врз основа на уредбата. Државниот секретар е највисок државен службеник и тој е должен да обезбедува законито, ефикасно вршење на работите во Министерството во согласност со позитивните законски прописи“, рече Јанакиески.

По професија сум економист, не сум ги разбирал забелешките бидејќи 7 месеци бев министер, рече Јанакиески за записникот од првата комисија. За записникот, според исказот, дознал од СЈО.

„За фамозмиот записник за кој се зборуваше долго овде, јас бев информиран од стручните служби дека првата комисија, односно претседателот на комисијата заедно со членовите побарал да бидат заменети со нови, што е наведено во записникот. Јас лично не сум го добил, со што во моментот на потпишување на записникот претседателката била на боледување, а на записникот не е потпишана. За нормално да функционира Министерството, од страна на стручните служби имало ново решение за комисија, каде што некои се членови од првата комисија, а има и нови членови. Работата на комисијата е ад хок, односно тоа не се нивни работни обврски. Недостатоците од записникот беа отстранети. Оваа комисија не е формирана за ‘Сончев град’, туку за сите објави од 3 април па натаму. На истиот датум имало формирана уште една комисија“, додаде Јанакиески.

Случајот „Топлик“ е отворен во 2016 година од тогашното СЈО, а го застапува тогашниот специјален обвинител, сегашен виш обвинител, Бурим Рустеми. Обвинети се Миле Јанакиески како ексминистер за транспорт и врски, како и пет лица од комисијата за јавни набавки.

Според обвинението, буџетот е оштетен за еден милион и 44 илјади евра и обвинетите прибавиле имотна корист за едно правно лице. Понатаму, според тоа, како раководно лице во Министерството за транспорт и врски, спротивно на Законот за јавните набавки, составил комисија за јавни наддавања, на која ѝ наложил да избере понудувач за купување и располагање со државно земјиште за изградба на елитниот комплекс „Сончев град“ во Сопиште, иако фирмата не ги исполнувала условите за тоа.

Македонија

Вељаноски за техничката влада: Уставен експеримент кој предизвикува штета за државата

Објавено пред

За поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, техничката влада е експеримент кој како што оценува, предизвикува повеќе штета од корист за државата.

dobivaj vesti na viber

„Секој правен и уставен експеримент предизвикува повеќе штета од корист за државата.
Времето и искуството покажаа дека импровизациите во системот не носат квалитет, туку дисфукционалност. Така беше со идејата за техничката Влада, така беше и со Специјалното јавно обвинителство(СЈО).
Треба да говориме отворено и без лажни наративи“, пишува Вељаноски на социјалните мрежи.

Според него, овие два механизма не беа воведени за да донесат повеќе правда или демократија.

„Тие беа измислени и наметнати со една единствена политичка цел-да се инсталира СДСМ на власт и да се реализира идејата за промена на уставното име на Република Македонија. Ништо друго. Граѓаните не треба повеќе да бидат предмет на манипулација за наводните “благодети” на овие ад-хок решенија.
И СЈО и техничката Влада беа плод на политички и правни манипулации, туѓи на нормалниот парламентарен живот и правниот поредок. СЈО веќе заврши на буништето на историјата како неуспешен проект. Време е и техничката Влада итно да и се придружи.
На Македонија и е потребен стабилен систем а не вечни изнудени експерименти“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Сите што ќе одат на средба со Мицкоски го легитимираат криминалот и корупцијата, велат од СДСМ

Објавено пред

Од

Сите што ќе одат на лидерската средба со Христијан Мицкоски го легитимираат криминалот и корупцијата, велат од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Сите што денеска ќе одат на средба со Мицкоски за укинување на техничката стануваат соучесници во: легитимирање на криминалот и корупцијата на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ, анти ЕУ кампањата на власта за изолација на земјата, планот за предвремени избори што ги имаат веќе договорено без основни услови да бидат фер и демократски и реализација на планот „мигранти за пари“ после тоа“, смета СДСМ.

Сите чекори кои власта досега ги презема, додаваат од партијата, веќе ги најавивме: изолација, избори, мигранти за пари.

„Секој што ќе отиде на средбата со Мицкоски не може да каже после тоа дека не бил соучесник. СДСМ останува со граѓаните, на вистинската страна. СДСМ останува на страната на Македонија, на страната за интеграција, на фронтот за правда и против корупцијата и криминалот“, велат од опозициската партија.

Прикажи повеќе...

Македонија

Нормализиран сообраќајот на патот Скопје – Штип

Објавено пред

Од

Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е нормализиран, информира АМСМ.

dobivaj vesti na viber

Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип утрово беше во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 минути

Вељаноски за техничката влада: Уставен експеримент кој предизвикува штета за државата

За поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, техничката влада е експеримент кој како што оценува, предизвикува повеќе штета од корист...

Македонија35 минути

Сите што ќе одат на средба со Мицкоски го легитимираат криминалот и корупцијата, велат од СДСМ

Сите што ќе одат на лидерската средба со Христијан Мицкоски го легитимираат криминалот и корупцијата, велат од СДСМ. „Сите што...

Свет2 часа

Денешниот состанок во Вашингтон ја одлучува судбината на Гренланд

Денес во Белата куќа се одржува состанок кој би можел да ја одреди иднината на Арктикот, но и на самиот...

Свет2 часа

Сестрата на Ким Јонг Ун: Надежите на Јужна Кореја за подобри односи со Северот се само илузија

Ким Јо Јонг, сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, изјави дека надежта на Јужна Кореја за подобрени односи е...

Свет2 часа

Трамп: Сакам да победам во Иран, обожавам да победувам

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе „преземе многу силни мерки“ ако иранските власти почнат да ги бесат...

Македонија3 часа

Лидерска средба за техничката влада, СДСМ одби да учествува

Во Клубот на пратениците денеска треба да се одржи лидерска средба на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со...

Свет11 часа

(Видео) Премиерот на Гренланд: Ако треба да избереме помеѓу САД и Данска, ја бираме Данска

Премиерот на Гренланд изјави дека доколку неговиот народ мора да избере „тука и сега“, ќе ја избере Данска пред САД....

Европа11 часа

Поранешни вработени го обвинија Хулио Иглесијас за сексуална злоупотреба, откриени детали

Шпанскиот пејач Хулио Иглесијас е обвинет за сексуален напад од страна на две поранешни вработени, кои тврдат дека биле подложени...

Македонија14 часа

(Фото) Тошковски на проштална средба со амбасадорката Агелер: САД остануваат клучен стратешки партнер во безбедноста

Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Панче Тошковски, денеска оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави...

Европа14 часа

Зеленски се обиде да го назначи поранешниот премиер за министер за енергетика, парламентот го одби

Украинските пратеници го отфрлија назначувањето на министерот за одбрана во заминување Денис Шмихал за министер за енергетика, што е ретка...

Свет15 часа

Бројот на жртви варира во голема мера: „Иран Интернешнл“ тврди дека најмалку 12.000 луѓе се убиени во протестите

Се појавуваат извештаи за илјадници жртви во немирите во Иран, што би претставувало најголем број смртни случаи во протестите од...

Свет15 часа

Каја Калас: Историјата е полна со примери за паѓање на режими, но прашањето е што следува потоа

Високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, изјави дека е неизвесно што ќе се...

Македонија16 часа

Времето утре – сончево со мала до умерена облачност, максималната температура до 10 степени

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен...

Македонија17 часа

Јордан Апостолски, Наташа Бошкова и Сашо Георгиевски кандидати за судии во Европскиот суд за човекови права

Владата на денешната 141 седница беше информирана за текот на постапката за номинирање кандидати за позицијата судија во Европскиот суд...

Македонија19 часа

Утрешното судење за пожарот во „Пулс“ е одложено за 26 јануари

Судењето за пожарот во „Пулс“ што требаше да се одржи утре е одложено за 26 јануари, соопшти Кривичниот суд. Расправата...

Македонија20 часа

Бугарски државјанин протеран од земјава, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина

Полицијата уапси бугарски државјанин на Граничен премин Деве Баир, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина. Според...

Македонија20 часа

МНР апелира македонските државјани да го напуштат Иран во прва можна прилика

Министерството за надворешни работи апелира сите македонски државјани што се наоѓаат во Иран да ја напуштат земјата поради влошената состојба....

Македонија20 часа

Обвинителството бара притвор за лицето што ја искрши влезната врата на бугарската Амбасада

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Оштетување туѓи предмети од член 243 став...

Македонија21 час

Техничката влада мора да остане, велат од СДСМ

Техничката влада мора да остане. Таа е единствена шанса, единствен обид за некакви минимални услови за фер избори, велат од...

Македонија1 ден

Со паричка во погача, голем број семејства вечерва ќе ја дочекаат Старата Нова година

Според Јулијанскиот календар, по кој се водат православните христијани, вечер се дочекува православната нова година, кај народот позната уште како...