Спорт
„Добро сум, нема причина да биде поинаку“
Оле Гунар Солскјер очекува реакција од неговите играчи по дебаклот против Ливерпул (0:5). На новинарско прашање, пред мечот со Тотенхем, како се чувствува тој рекол: „Добро, нема причина да биде поинаку“.
„И како играч и како менаџер сум доживеал тешки моменти. Успешно се носев со тоа. Имавме два или три кризни периоди откако сум во Јунајтед. Можам само да кажам дека ќе се борам додека ситуацијата не се смени“.
Солјкер потоа ги коментирал и пишувањата на медиумите дека не е во добри односи со некои фудбалери.
„Јас не читам што се пишува на социјалните мрежи, но Пол Погба дојде лут кај мене. Очекувавме критики бидејќи не одигравме добро, но не можеме да си дозволиме да пишуваат лаги. Пол ми кажа со што се морал да се соочи на социјалните мрежи. Во ред е секој да каже што мисли, но не е во ред да се измислуваат приказни за мене и фудбалерите“.
Манчестер јунајтед, утре од 18.30 часот, ќе гостуваат кај Тотенхем.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Виљареал и Барселона сепак нема да играат во САД
Шпанската фудбалска лига ја информираше јавноста дека се повлекува од „продажба“ на лигашкиот натпревар помеѓу Виљареал и Барселона на американскиот пазар.
Овој дуел требаше да се игра на 20 декември во Мајами, што предизвика бунт кај навивачите на шпанските клубови. Сепак, дури кога фудбалерите се придружија на протестите (стоејќи мирно првите 15 секунди од натпреварите), челниците на Ла Лига попуштија и ја откажаа „посетата“ во Флорида.
„Ла Лига информира дека, по разговорите со промотерот на натпреварот во Мајами, тој донесе одлука да го откаже настанот поради неизвесноста што владееше во Шпанија во последните недели“, се вели во соопштението.
Лигата изрази жалење што не може да ја искористи „оваа историска можност“ за да организира прв натпревар од шпанското првенство во странство. Обидите на Ла Лига да одржи натпревар во САД датираат од 2018 година, кога Барселона и Џирона требаше да играат натпревар исто така во Мајами, но и тој проект беше блокиран.
Спорт
(Видео) Арсенал убедлив против Атлетико, ПСЖ и ПСВ ги растурија Баер односно Наполи
Седум натпревари се одиграа во ударниот термин од 21 часот во третото коло од Лигата на шампионите. Натпреватите ги обележаа убедливите победи на Арсенал над Атлетико Мадрид (4:0), ПСВ над Наполи (6:2), а ПСЖ победи во Леверкузен со (7:2).
Атлетико Мадрид на „Емирати“ во Лондон, влезе во црна дупа во периодот од 57-та до 70-та минута. Тогаш Арсенал постигна четири гола. До првиот гол, ривалите беа рамноправни на теренот и покрај тоа што Арсенал имаше повеќе од поседот на топката.
Наполи никогаш во историјата не примил шест гола во Лигата на шампионите. Тоа му се случи вечерва во Ајндховен. Наполитанците водеа со 0:1, а потоа им се случи вистински потоп.
Актуелниот европски првак, ПСЖ, држеше час по фудбал во Леверкузен. Избраниците на Луис Енрике седум пати ја погодија мрежата на Баер. Еден гол постигна и „Златната топка“, Усман Дембеле, кој го одигра првиот натпревар уште одд крајот на август.
Резултати: Копенхаген – Борусија Дортмунд 2:4, Њукасл – Бенфика 3:0, ПСВ Ајндховен – Наполи 6:2, Арсенал – Атлетико Мадрид 4:0, Виљареал – Манчестер Сити 0:2, Унион СЖ – Интер 0:4 и Баер Леверкузен – Пари Сен Жермен 2:7.
Foto/ EPA
Спорт
Вардар 1961 со победа се враќа од Тулуз
Ракометарите на Вардар 1961 ја забележаа втората победа во Европската лига. Вечерва во Тулуз, екипата на Иван Чупиќ славеше со 28:26.
Вардар 1961 го растури Тулуз во првиот дел, на полувремето резултатото беше 18:11. Тулуз не се предаде, во вториот дел ја истопи предноста на црвено-црните на само еден гол (23:22).
Сепак Вардарци не ја испуштија победата, се конслидираа, со предност од четири гола влегоа во последните пет минути, па Тулуз немаше ни време, ни сили да ја оспори победата на македонскиот вице-првак.
Јака Малус со 6 гола беше најефикасен кај Вардар.
Во вториот натпревар од групата на Вардар, екипите на Сесвете и Кристијанштад одиграа нерешено 32:32.
Foto/ rkvardar.com.mk

