Црна хроника
Уапсен еден од разбојниците во грабежот во Тетово

Уапсен е еден од разбојниците кој учествуваше во крвавиот грабеж што се случи во саботата во Тетево кога беше застрелан еден од разбојничката група, а сопственикот на златарницата и еден полицаец беа ранети
Станува збор за дваесет иосумгодишниот Ибраим Реча, кој подоцна го зел презимето од женаси Љути, од Скопје викан Кока кој бил баран со потерница за издржување затворска казна, а бил осуден за кражбата во „Прокредит банка“ во 2009 г., како и разбојништвото врз тарнспортот на пари на „Македонски пошти“ на улица „Цветна Димов“ од 2008 г. Полицијата го привела завчера по пријава на граѓанин во полициската станица Јегуновце. Тој им кажал на полицајците дека на земјениот пат покрај реката Вардар забележал непознато лице кое на македонски јазик го прашало каде е границата за на кај Косово и му побарал вода за пиење. Полициската патрола веднаш била известена, по што се упатиле на наведеното место од граѓанинот и го уапсиле лицето кое немало никаков документ за лична идентификација. Во првичниот разговор со полицијата лицето се претставило како Енвер Арифи роден во Урошевац во Косово и дека тргнала да ја посети неговата тетка која живела во Чаир. Тој ги лажел полицајците дека тргнал од Урошевац кон село Глобочица и со уште едно лице, Муарем илегално ја преминале државаната граница на село Јажинце. Кога влегле во шумата, Муарем му рекол да се сокрие од полицијта, по што се разделиле. Но утредента, полицијата го идентификувала и утврдила дека по „Кока“ имало распишано централна потерница за издржување казна затвор во траење од 11 години за разбојништво. Лицето коешто почина во престрелакта Идриз Рустеми носело прекар „Мал талибан“. И тој е осомничен за разбојништва, и тоа врз возилото на Комерицијална банка, во 2007 г. кога беше убиен еден член од обезбедувањето. И двајцата се наоѓале на спискот на криминалци, кој што нашето МВР му го предаде на косовското МВР,Во саботата група од седум до осум разбојници ја ограбија златарницата „Исак“ во Тетово, го ранија сопственикот и избегаа. Кај Јегуновце беа пресретнати од полицициска патрола, по што почнала престрелак меѓу двете групи. Во неа, бепе застрелан еден од разбојниците, а еден полицаец беше полесно повреден. Полицијата се уште трага по останатите разбојници од групата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Штитеници во установа за згрижување деца имале сексуален однос пред 12-годишно дете

Вчера во 16:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во август 2025 година во соба во установа за згрижување на деца, 16-годишен штитеник и 15-годишна штитеничка на установата имале сексуален односи.
Според информациите од МВР, тие имале односи пред 12-годишен штитеник на установата, по што 16-годишникот му се заканил на 12-годишникот да не кажува никому.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Ограбен автомобил на паркинг во Центар

Синоќа во 00:32 часот во СВР Скопје е пријавено дека е ограбен автомобил на паркинг простор на подрачјето на Центар во Скопје.
Според информациите на МВР, од патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, одземена е актовка со пари, документи, печати и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото: илустрација
Црна хроника
Инцидент во Карпош: Му ги дупнала гумите на возилото на партнерот, а потоа и физички го нападнала

Маж од тетовско пријавил во полиција дека неговата партнерка му ги дупнала гумите на возилото, а потоа и физички го нападнала.
Доцна синоќа, во 03:20 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од тетовско пријави дека претходно околу 19:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, неговата партнерка со нејзиното возило удрила во неговото возило, а потоа со остар предмет му ги оштетила гумите на возилото и физички го нападнала.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.