Црна хроника
Прегазен старец на автопатот Скопје-Велес
Осумдесетгодишен пешак го загуби животот, откако бил удрен вчера попладне од автомобил на автопатот Скопје – Велес во атарот на с.Ржаничино.
Како што соопшти МВР, сообраќајна незгода се случила вчера попладне во 17,15 часот, кога автомобил „Опел Астра“ со скопски регистерски таблички управувано од Г.Г. (42) од Штип, удрило во пешакот Миодраг Н.(80) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Миодраг Н., кој со возило на Брза помош бил пренесен во Ургентен центар – Скопје, каде подоцна им подлегнал на повредите. Увид на лице место извршила увидна екипа од ПС за БПС-Скопје, а по наредба на Истражен судија, телото на починатиот е предадено за обдукција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
(Видео) Уапсен скопјанец, при преглед кај него и престрес на дом пронајдени околу два килограми марихуана
Вчера од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје по претходно добиени оперативни сознанија на улицата „Христо Татарчев“ извршено е легитимирање и преглед на С.М. од Скопје.
При извршениот преглед пронајдена е марихуана, дигитална вага и поголема сума на пари, а при преглед на патничкото возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки сопственост на С.М. пронајдена е поголелема количина марихуана.
По претходно добиена наредба извршен е и претрес на дом каде што престојувал С.М. при што во помошната подрумска просторија од станот пронајдена е голема количина на марихуана и две дигитални ваги.
С.М. е лишен од слобода известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Почината жена пронајдена во куќа во Струга
Вчера во 17:20 часот во ОВР Струга, од Итната медицинска помош Струга е пријавено дека во куќа на ул.„15-ти Корпус“ во Струга, сопственост на Р.М.(55) од Струга, пронајдена е почината Б.В.(56) од Струга.
Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено за обдукција.
Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Струга, информира полицијата.
Црна хроника
Тетовец извршил обљуба врз малолетно девојче
Татко пријавил во полиција дека маж од Тетовско извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка.
Имено на 10.11.2025 во 15:00 часот во ОВР Дебар, 41-годишен маж од дебарско пријавил дека лице од тетовско извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

