Македонија
Османи – Рутен: Европскиот парламент во континуитет дава принципиелна поддршка
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, се сретна со европратеникот Тијс Рутен (групата на социјалисти, Холандија), кој престојува во работна посета на земјава.
На средбата беа разменети мислења за актуелните случувања во контекст на европскиот интегративен процес на Северна Македонија, перспективите за почнување на пристапните преговори, а стана збор и за последните внатрешнополитички случувања.
Османи посочи дека Европскиот парламент во континуитет дава принципиелна поддршка во однос на европската перспектива на Северна Македонија, при што изрази очекување дека оваа поддршка ќе продолжи и во иднина.
Соговорниците, покрај актуелните политички случувања во нашата земја, разговараа и за билатералната комуникација со Бугарија во напорите за надминување на блокадата на преговарачката рамка, за регионалната динамика и за добрососедските односи.
Европратеникот Тијс Рутен ја реафирмира поддршката и позитивно ги оцени реформските резултати на Владата, што е констатирано во последниот извештај на Европската комисија, како и активниот придонес на земјата во унапредувањето на регионалната соработка и добрососедските односи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

