Црна хроника
Алкохолизиран велешанец паднал на шини
Големото количество алкохол што го испил 32-годишниот велешанец А.Ш. за малку ќе го чинело живот, откако паднал врз шините но за среќа негови сограѓани брзо го забележале
Триесет идве-годишниот велешанец околу три часот утрово, според информации од велешката полиција, излегол од ноќниот клуб „Ноктурно“ и наместо по патот се движел по ѕидот над шините. Поради состојбата во која се наоѓал, изгубил рамнотежа и паднал на земја. Веб порталот Лисица неофицијално дознава дека повредениот маж како лежи до контејнерот го забележале неколкумина велешани кои излегувале од ноќниот клуб, кои веднаш ја алармирале полицијата и брзатата помош.Повредениот бил префрлен во хируршкото одделение на болницата, каде лекарите констатирале лесни телесни повреди.По санирање на повредите бил пуштен на домашно лекување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Турчин со „хонда“ удрил во полицаец
Денеска во 02.50 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода О.Д.(28) од Република Турција затоа што со патничко возило „хонда” со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во полициски службеник кој извршувал службени дејствија.
Тој е задржан во полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот против него биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Го погодил проектил во нога додека собирал печурки
Маж од Велес собирал печурки и почувствувал убод во левата нога. По лекарски преглед, од коленото му бил изваден проектил од огнено оружје.
„Во СВР Велес вчера во 11 часот, 63-годишниот Д.Ј.од Велес, пријавил дека при собирање печурки во атарот на село Лисиче, Општина Чашка, почувствувал убод на левата нога, по што во Општа болница Велес му бил извршен преглед и од коленото му бил изваден проектил од огнено оружје“, информира денеска Татјана Ѓуровска од СВР Велес.
Таа додаде дека за настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес и дека се преземаат мерки за негово расчистување.
Црна хроника
Мигранти од Турција и Ирак најдени на автопат кај Неготино
Полициски службеници од ОВР Неготино пронашле тројца мигранти, двајца од Република Турција и еден од Ирак, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).
Мигрантите се пронајдени рано утрово, во 02.15 часот, на автопатот А1 кај Неготино по што се предадени на Полициската станица за граничен надзор Михајлово за натамошна постапка.