Свет
Нови мерки за невакцинираните во Германија
Канцеларката Ангела Меркел најави сериозни ограничувања за невакцинираните луѓе надвор од моделот 2Г. Според пишувањата на медиумите, таа е крајно загрижена поради експоненцијалниот раст на инфекцијата.
Како што известуваат РТЛ и НТВ, набргу би можело да се разговара дури и за построги правила од 2Г. Меркел и министерот за здравство, Шпан, не исклучиле дневни тестови на работното место за невакцинирани луѓе.
Ширум Германија има седумдневен пораст на бројот на заразени. Во оваа земја околу 67 отсто од населението, или 55,5 милиони луѓе, се сметаат за целосно вакцинирани против коронавирусот.
Изминатите денови вршителот на должноста федерален министер за здравство, Шпан, повика на дополнителни вакцини што е можно пошироко со цел да се заштитат од вирусот во претстојната зима.
Постојаната комисија за вакцинација препорачува бустер засега само за оние над 70 години и за ризичните групи. Ревакцинација за помладите од 70 години, кои се одамна вакцинирани.
Од установите за нега исто така се бара да обезбедат концепти за тестирање за есен и за зима. Тие треба да „обезбедат задолжителни тестови за персоналот најмалку двапати неделно, без оглед на статусот на вакцинација“, се вели во нацртот, што го пренесува ДПА.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

