Економија
Биткоинот достигна нов историски рекорд – вреди над 60 илјади долари

Првпат во историјата биткоинот се искачи над 66.000 долари достигнувајќи рекордно високо ниво. Во 2021 година биткоинот скокна над 100 %, а само во октомври се зголеми над 30 %.
Оваа година беше полна со позитивни вести за криптовалутите. Институционалните инвеститори и компании сѐ повеќе го поддржуваат биткоинот. „Тесла“ поттикна скок на цената кога објави дека купила биткоин во вредност од 1,5 милијарда долари.
„Мастеркард“ ги објави плановите за поддршка на криптовалутите на својата платформа оваа година. Технолошкиот гигант „Епл“ објави во февруари дека „Епл пеј“ ќе поддржува и плаќања со биткоин на својата платформа. Неодамна е основан првиот (ЕТФ) инвестициски фонд во САД, кој инвестира во биткоин, што претставува своевиден пресврт за легитимирање на биткоинот и влез во светот на финансиите.
Друга причина за поскапувањето на биткоинот се малите инвеститори, кои се плашат да не пропуштат нова можност на дигиталниот пазар и се одлучуваат да купат криптовалути. Покрај тоа, понудата на биткоинот се намалува бидејќи трошоците за ископување на една монета стануваат повисоки, што исто така го поттикнува растот на цената.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
(Видео) Трипуновски: Од доставените 1.600 понуди за закуп на земјоделско земјиште, донесени се 982 одлуки за вкупна површина од речиси 2.862 хектара

На крајот од минатата 2024-та година беа распишани 5 јавни повици за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 и над 3 хектари, едниот повик ги опфати површините со насади со што се овозможува легализација на насадите кои ги имаат подигнато земјоделците, информира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.
Според него, со распределбата и легализација на насадите, ќе се овозможи на сопствениците да склучат договор со Министерството и ќе се стави ред во користењето на земјоделското земјиште во државна сопственост.
До Министерството, како што соопшти изминатиот период пристигнале околу 1.600 понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост, и 220 понуди за легализација на земјиште над кое има подигнато долгогодишни насади.
Оцени дека овие бројки се доказ дека јавните повици предизвикале голема заинтересираност кај земјоделците.
„Можам слободно да кажам дека имаме успешно спроведени јавни повици за закуп на државно земјоделско земјиште. Јавните повици се спроведени без можност за било каква селективност, и да напоменам спроведени се за сите региони од нашата држава, односно опфатено е сето слободно земјоделско земјиште надвор од градежниот реон на општините. Комисиите напорно работеа за да ги разгледаат сите понуди кои што беа пристигнаа до Министерството. Дел од договорите веќе се доставени до подрачните единици на Министерството за да ги потпишат земјоделците и за краток период истите ќе бидат врачени до сите оние кои што добиле договор за користење на земјоделско земјиште. Од вкупно 1.600 понуди кои што беа доставени до Министерството, донесени се 982 одлуки за вкупна површина од околу 2.862 хектари. А, за повикот за легализација на насадите од 220 понуди кои што пристигнаа до Министерството, донесени се 160 одлуки за избор со вкупна површина од 380 хектари“.
Најави дека во претстојниот период ќе бидат распишани нови огласи за доделување на државно земјоделско земјиште се со цел да се стави во функција преостанатото земјоделско земјиште на земјоделците и да се создадат услови секој граѓанин кој што е заинтересиран да се вклучи во произведството на храна.
Со тоа, додаде тој, се отвораат нови можности за младите, за сточарите, за сите заинтересирани да се занимаваат со земјоделство.
Економија
Божиновска со амбасадорките на WOBA: Лидерството не е машка привилегија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, активно се вклучи во регионалната иницијатива Women on Boards Adria (WOBA), насочена кон јакнење на женското лидерство на највисоките управувачки нивоа – во управни одбори, извршни совети и клучни институции.
Како амбасадорка на WOBA за Македонија, Божиновска учествуваше на работен состанок со останатите амбасадорки од регионот, каде во фокус беа практични чекори за поголема застапеност на жени во одлучувањето – не како форма, туку како суштина на современото водење. Министерката ја искористи оваа платформа за да ја потенцира важноста на жените во лидерските улоги, што е во согласност со стратешките цели на Министерството за создавање на правична и конкурентна економска средина.
„Родовата рамноправност во водењето на институциите и компаниите не е само прашање на еднаквост и фер застапеност, туку клучен предуслов за современо, одговорно и инклузивно управување. Како министерка, мојата цел е да создадам услови каде што жените не само што ќе имаат пристап до одлучувачките позиции, туку и ќе бидат препознаени и вреднувани за нивниот придонес. Затоа го поддржувам секој процес што ја отвора вратата за повеќе жени во одлучувањето“, истакна министерката Божиновска.
Таа додаде дека Министерството за енергетика активно работи на политики кои промовираат еднакви можности, особено во сектори каде што жените традиционално се помалку застапени, како што е енергетиката. Во рамки на WOBA агендата, министерката присуствуваше и на мрежен настан посветен на инспиративно лидерство, храброст и влијание, каде со лидерки од регионот се разговараше за регионалната поддршка за жените во клучни улоги и конкретните алатки што им се потребни за да го засилат својот глас во управувањето.
Иницијативата Women on Boards Adria се залага за системска промена преку вмрежување, директна соработка со институции и бизнис-секторот и менторски програми.
Економија
Димитриеска-Кочоска пред германските инвеститори во земјата: Владата обезбедува стабилност, предвидливост и партнерство во реализацијата на инвестициските планови

Макроекономска стабилност, предвидливо бизнис окружување, даночна полтикика која се заснова на рамен данок и партнерски однос на Владата со компаниите во реализациија на нивните инвестициски проекти, е пораката што ја прати министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска до германски инвеститори на Генералното собрание на Македонско-германското стопанско здружение што се одржа во Скопје.
„Политиките коишто ги спроведуваме се насочени кон одржување на макроекономската стабилност. Нашите приоритети се дефинирани со Буџетот и со Фискалната стратегија и тие се однесуваат меѓу другото на обновување на довербата во институциите, преку зајакнување на безбедноста, ефикасна борба против корупцијата и криминалот, независност на правосудството и обезбедување на владеење на правото; економско заживување на земјата, преку унапредување на енергетската транзиција, поттикнување силен циклус на економски раст, стабилни јавни финансии, подобрување на севкупната транспортна инфраструктура, зголемување на животниот стандард, подобар и поквалитетен живот за секого; сеопфатно подобрување на квалитетот, инфраструктурата и достапноста во образованието, создавање општество базирано на знаење и успешно справување со современи предизвици, како и градење професионална и ефикасна јавна администрација, развој на дигиталната економија, ИКТ секторот, вештачката интелегенција, иновациите и стартап екосистем“, рече министерката и додаде дека напорите што ги вложува Владата се препознаени од странските инвеститори и во минатата година се реализирани рекордни 1,255 милијарди евра.
Таа посочи дека ваквиот тренд очекува да продолжи и во наредниот период и дека најдобрата порака што еден иден инвеститори може да ја добие за инвестирање во една земја е пораката од инвеститорот кој веќе инвестирал.
Потенцира дека врвен приоритет на Владата е економијата и остварувањето повисоки стапки на економски раст и дека Германија има особено значење за нашата економија, како најзначен трговски партнер, но преку реализираните странски директни инвестиции кои минатата година достигнаа над 200 милиони евра.
Пред германските компании порача дека Владата има идентичен пристап кон сите компании и дека гради партнерски однос и со домашните и со странските компании преку постојана комуникација со бизнис заедницата и разменување мислења и искуства во однос на креирање политики коишто се бидат од интерес на двете страни.