Црна хроника
Приведени две српски и две бугарски танчерки од Гостивар

Во акција спроведена од страна на гостиварската полиција во угостителскиот објект „Бакарди“, на излезот од Гостивар кон Тетово, биле затекнати четири странски државјанки
Две од девојките сео нерегулиран престој и дозвола за работа се од Србија а другите две од Бугарија. Тие биле ангажирани како танчерки во клубот. Под сомнение дека се нелегално вработени, утрово околу 1 часот биле приведени во полициската станица Гостивар, а на разговор бил задржан и сопственикот на локалот.Од почетокот на годинава во Тетовско-гостиварскиот регион, СВР Тетово извршило 25 контролни акции во кои се затекнати се 94 странски државјанки. За нив е утврдено дека нелегално биле вработени во барови и кафеани. На повеќето им е изречена мерката забранет влез во Република Македонија од шест месеци до една година и биле депортирани во нивните матични земји.Според анализите на СВР Тетово, најмногу од девојките се од Република Албанија – 47, од Србија 26, од Бугарија 16 и пет од Косово. Во акциските контроли затекнати се и 42 македонски државјанки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Вработена во основно училиште во Гази Баба истепана од ученик

Вчера во 12.45 часот во СВР Скопје, 45-годишната С.Р. од Скопје, вработена во основно училиште, пријавила дека околу 08.40 часот во основно училиште на подрачјето на Гази Баба, била физички нападната од ученик.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Малолетник од Кочани споделувал експлицитни снимки од малолетничка на интернет: во полиција пријавила нејзината мајка

Вчера во 23 часот во Полициската станица Кочани, 43-годишна жена пријавила дека на 08.05.2025 малолетник од Кочани споделувал на социјална мрежа и други апликации видео записи со експлицитна содржина од нејзината малолетна ќерка.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Возило излета од регионалниот пат Валандово – Струмица: во несреќата тешко повредена девојка

Вчера во 22.40 часот во СВР Струмица било пријавено дека на регионалниот пат Валандово- Струмица, на делницата од крстосницата за село Куклиш, струмичко, до крстосницата за село Раборци, струмичко, патничко возило „фолксваген поло“ со валандовски регистарски ознаки, управувано од 25-годишната В.К. од село Собри, валандовско, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката И.П.(24) од с.Собри, валандовско, констатирани во Медицинскиот центар Струмица.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.