Црна хроника
Во Ресен син прободе татко со нож
Во петокот околу 13 часот, во Ресен на улицата „29-ти Ноември“ во семејна куќа настанала расправија меѓу 58-годишниот татко и неговиот 22-годишен син
Притоа синот со нож на татко си му нанел убодна рана во грбот. Таткото веднаш бил пренесен во Клиничкиот центар во Битола, каде биле констатирани тешки телесни повреди заради што ресенчанецот е задржан на натамошна медицинска грижа. Увид на лице место извршила екипа од Полициската станица од Ресен, при што бил пронајден ножот со кој бил извршен нападот. Од МВР информираат дека во тек се мерки за целосно расчистување на случајот по што против синот ќе биде поднесена кривична пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во кумановско, пронајдени пиштоли и куршуми
Вчера во 10.00 часoт во село Романовце, кумановско, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода 30-годишниот К.С. од селото Романовце, извести МВР.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени два пиштоли „Зораки“ со рамки и една кутија со 30 куршуми калибар 9 мм.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Инцидент во филијала за брзи кредити на Бит Пазар: маж со оружје се обидел за земе пари
Инцидент се случил вчера во филијала за брзи кредити на подрачјето на Бит Пазар.
Маж со закана со огнено оружје се обидел да одземе пари од вработената, но во намерата бил спречен од странка во објектот, по што го напуштил местото на настанот, информираа од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Девојчиња истепани од нивни врснички во Карпош
Две девојчиња биле нападнати вчера од малолетнички на подрачјето на Карпош.
Случајот во МВР го пријавил еден од родителите на девојчињата.
„Околу 18.00 часот, на подрачјето на Карпош, малолетно девојче и неговата другарка биле физички нападнати од две други малолетнички“, објави полицијата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.