Спорт
Клоп го обвини судијата за поразот од Вест Хем
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, смета дека неколку лоши судиски одлуки приднеле за поразот на неговиот тим кај Вест Хем. „Чеканите“, славеа со 3:2 и го скокнаа Ливерпул на табелата.
„Неколку моменти го решија мечот. Вест Хем првиот гол го постигнаа откако имаше фаул над голманот. Рака на противнички играч му пречеше на Алисон. Како да ја фати топката во таква ситуација? Откако израмнивме тие се закануваа од контранапади“.
Клоп не е задоволен како неговиот тим играл во второто полувреме.
„Не игравме добро, треба подобро да ги реализираме шансите. Вест Хем се добри во контра“.
Герменецот на крајот издвоил уште еден момент кој го решил победникот.
„Кресвел грубо му ја одзеде топката на Хендерсон. Да одеше на топка, но тоа беше грубо, морате некогаш да се контролирате. Тоа се двете работи кои влијаеа врз конечниот резултат. Не барам алиби, мирен сум. Потребни се нормални одлуки на судиите“, заклучил Клоп.
Во наредното коло, Ливерпул ќе го пречека Арсенал. а Вест Хем го гостува кај Вулверхемптон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

