Свет
Јапонија без ниту еден смртен случај од Ковид-19 првпат по 15 месеци
Јапонија во неделата не забележа ниту еден смртен случај од Ковид-19 првпат по повеќе од една година, објавија локалните медиуми.
Бројот на нови инфекции и смртни случаи од Ковид-19 драстично се намали во Јапонија бидејќи повеќе од 70 проценти од населението досега е вакцинирано.
Бројот на новозаразени достигна врв во текот на август кога имаше повеќе од 25.000 инфицирани лица дневно, што беше последица на брзото ширење на делта-варијантата на коронавирусот.
Од почетокот на пандемијата во Јапонија повеќе од 18.000 луѓе починале од Ковид-19.
За да се спречи можен нов бран на ширење на вирусот во текот на зимата, владата планира да почне со дополнителна вакцина следниот месец и работи на обезбедување третман базиран на апчиња за поблаги случаи на болеста за да се намали хоспитализацијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Експлозија во австралиски рудник, двајца загинати
Две лица загинаа, а едно беше повредено денес во експлозија во од неодамна повторно отворен рудник во австралиската држава Нов Јужен Велс.
Премиерот на Нов Јужен Велс го нарече инцидентот „отрезнувачки потсетник“ за опасностите од индустријата.
Службите за итни случаи беа повикани во рударскиот град Кобар, околу 700 километри северозападно од Сиднеј, по пријавите за несреќа на работното место во која луѓе беа сериозно повредени, соопшти полицијата.
A man in his 60s and a woman in her 20s have been killed in an underground mine explosion in remote New South Wales.
It happened 700 kilometres west of Sydney at the Endeavour Mine, just outside Cobar. pic.twitter.com/V9tQssgSyp
— 10 News Sydney (@10NewsSyd) October 28, 2025
Полицијата извести дека загинатите веројатно се жена на околу 20 години и маж на околу 60 години, додека друга жена на околу 20 години е однесена со хеликоптер во болница поради полесни повреди и шок. Жртвите сè уште не се официјално идентификувани.
Австралиските медиуми објавија дека несреќата се случила во рудникот за сребро, цинк и олово „Ендевор“, во сопственост на „Полиметалс Рисорсис Лтд.“
Извршниот директор на „Полиметалс“, Дејв Спраул, изјави дека е „шокиран и тажен поради овој трагичен настан“.
„Активиран е тим за итна интервенција и соработуваме со сите надлежни органи. Рударските операции се привремено прекинати“, рече Спраул во соопштение за медиумите.
фото: принтскрин
Свет
Судијата му дозволи на убиецот на Чарли Кирк да носи „обична облека“ на суд
22-годишниот маж обвинет за убиство на истакнатиот конзервативен активист Чарли Кирк може да се појави на суд во „цивилна облека“, но мора да биде физички врзан од безбедносни причини, пресуди судија.
Адвокатите на Тајлер Робинсон тврдеа дека сликите од него врзан и во затворска облека би можеле да им наштетат на поротниците. Судијата Тони Граф се согласи да направи некои отстапки за да се обезбеди презумпцијата на невиност, признавајќи дека случајот привлече „вонредно“ внимание од јавноста и медиумите.
„Г-дин Робинсон ќе биде облечен како некој за кој се претпоставува дека е невин“, рече Граф за време на виртуелно судско рочиште. Робинсон беше обвинет за тешко убиство на кампусот на Универзитетот Јута Вали на 10 септември. Обвинителите планираат да бараат смртна казна.
Иако Робинсон нема претходно криминално досие, Граф истакна дека обвиненијата со кои се соочува се исклучително сериозни и претставуваат безбедносни проблеми во судницата. Тој додаде дека главен приоритет на судот е да ги заштити адвокатите, судскиот персонал и самиот Робинсон за време на она што може да биде емотивно рочиште, па затоа Робинсон ќе биде врзан.
Робинсон го испукал фаталниот истрел од покривот со поглед на преполниот кампус на универзитетот. Тој беше уапсен следната ноќ кога тој и неговите родители се предадоа во канцеларијата на шерифот во неговиот роден град, на повеќе од три часа возење од местото на пукањето.
фото: принтскрин
Европа
Фон дер Лајен: Литванија се соочува со хибридна закана, нема да го толерираме тоа
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ја изрази целосната солидарност на Европа со Литванија во врска со постојаните упади на шверцувани балони со хелиум во нејзиниот воздушен простор, нарекувајќи ги „хибридна закана“.
„Ова е провокација. Да го наречеме како што е: хибридна закана. Нема да го толерираме“, напиша шефот на ЕК на Икс, додавајќи дека балоните се уште една причина за забрзување на важната иницијатива на ЕУ за источно крило и европската иницијатива против дронови.
Литванската премиерка Инга Ругиниене изјави дека нејзината земја ќе почне да соборува шверцувани балони што ја преминуваат границата од Белорусија, кои постојано го нарушуваат воздушниот сообраќај во балтичката земја.
Литванија мораше да го затвори аеродромот во главниот град Вилнус и граничните премини со Белорусија во неделата откако неколку балони со хелиум влегоа во воздушниот простор на балтичката членка на НАТО, соопшти Националниот центар за управување со кризи, четврти таков инцидент за една недела.
Литванија соопшти дека балоните ги испраќаат шверцери на цигари, обвинувајќи го белорускиот претседател Александар Лукашенко, близок сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, за тоа што не ја прекинал практиката.
фото: принтскрин

