Црна хроника
Мајката на Александра низ плач побара Башњаковски да бидат ослободени од притвор
Не ме давајте на нејзе оти таа сака да ме киднапира, рекла малата Александра кога ја видела прв пат својата мајка. Татјана Бошњаковска, мајката на малолетната Александра којашто беше грабната, пред судот раскажуваше каков бил првиот контакт со нејзината ќерка и како напредува сега.
По првиот контакт со мајката, со девојчето разговарале социјални работници, го ослободиле малку девојчето и заедно со мајката заминале дома.
Малата Александра не одела на училиште, по целото тело имала шуга и била валкана, а сега на мајката и треба многу трпение и труд за детето да се врати во нормала, да се социјализира.
Мајката плачејќи побара од судот дедото, бабата и таткото да бидат ослободени од притвор, бидејќи како што рече „моето дете сакам да има и татко и фамилија од другата страна“.
Во петок се очекува пресуда за случајот Бошњаковски, откако ќе заврши доказната постапка и обвинетите ќе дадат завршни зборови.
Токму обвинетите бараа судењето да заврши што побрзо и да бидат ослободени од притвор. Дедото, Александар Бошњаковски се пожали дека неговата здравствена состојба е доста лоша и во притвор нема услови за терапија.
Се пожали и неговиот син кој рече дека во притвор добил дијабетес.
Поранешниот врховен судија, Александар Бошњаковски пред судот изјави дека се што правел направил од љубов кон внуката. Тој му се извини на неговото семејство бидејќи од почит кон него, ги следеле неговите постпаки.
Неговиот син, Стефан изјави дека не знае што правел неговиот татко и го искористи своето право да се брани со молчење.
Бабата изјави дека таа не е правник и не знае дали прекршила некој закон. „Ако сум направила некоја грешка, тоа било од што сум била ослепена од љубов“ рече бабата.
Александра пред една недела беше вратена кај мајка и која ја немаше видено две години. Бабата и дедото, заедно со синот се обвинети дека го криеле девојчето од мајката која се развела од нивниот син и покрај пресудата детето да и биде доделено на мајката./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Повреден возач по судир на две товарни возила на автопатот Скопје-Тетово
СВР Тетово информира дека во 10:05 часот била пријавена сообраќајна незгода на автопатот Скопје-Тетово.
На околу 500 метри после клучка Желино се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „Ивеко” со скопски регистерски ознаки сопственост на „Македонија пат” управувано од Ј.С.(54) од с.Рогле, тетовско и товарно возило ,,Мерцедес” со скопски регистарски ознаки управувано од Н.С.(51) од Скопје.
– Во незгодата со телесни повреди се здобил возачот Ј.С. констатирани во Клиничка болница Тетово, информира СВР Тетово.
Увид на лице место е извршен екипа од СВР Тетово.
Црна хроника
Се преврте камион кај Желино
Тешка сообраќајна незгода се случи пред малку на автопатот Скопје – Тетово. Според првичните информации, камион се превртел веднаш по наплатната рампа кај Желино, што предизвика значителен застој во сообраќајот.
Блокирани се првите две ленти, а возилата се пропуштаат само по третата лента.
Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ја прилагодат брзината на условите на патот, да држат соодветно растојание и да бидат исклучително внимателни додека поминуваат на овој потег додека трае увидот и расчистувањето на теренот.
Топ
Маж и жена, државјани на Македонија загинаа на автопатот Белград – Ниш
Двајца државјани на Македонија, маж и жена од албанско потекло, загинаа рано утринава во тешка сообраќајна несреќа што се случи на автопатот Белград – Ниш, кај клучката Умчари, пишува српски „Курир“.
Несреќата се случила кога патничко возило „сеат“, со германски регистарски таблички, излетало од патот. Според неофицијални информации, возачот изгубил контрола над возилото, удрил во заштитната ограда и сообраќаен знак, по што автомобилот завршил надвор од коловозот.
Надлежните органи продолжуваат со истрагата за целосно утврдување на околностите под кои се случила несреќата.

