Црна хроника
Уапсени четири странски државјанки при контрола во повеќе угостителски објекти во Тетово

Синоќа, во периодот од 22.50 часот на 10.11. до 1 часот на 11.11.2021, полициски службеници на СВР Тетово, Националната единица за сузбивање шверцување мигранти и трговија со луѓе и Одделението за прекуграничен криминал и миграции во содејство со Трудовиот инспекторат извршиле акциски контроли во три угостителски објекти на подрачјето на Тетово.
Притоа, во 1.50 часот, во угостителски објект во с. Жеровјане, Тетовско, од слобода биле лишени четири странски државјанки – К. И. (29) од Република Бугарија, Д. К. (32) од Република Србија, А. Х. (24) од Русија и М. Н. (26) од Република Србија, затоа што го злоупотребиле туристичкиот престој, односно престојувале спротивно на целта.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајо,т против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Во 00.30 часот, во угостителски објект во с. Горно Седларце, Тетовско, биле приведени А. К. (34) и Е. К. (37), двајцата од Република Албанија, поради илегален престој во Република Северна Македонија и неносење дозвола за престој.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Пијан возач удрил во паркирано возило во Кичево

Утрово во 00:35 часот на улица „Јанко Михајлоски“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода М.Ц.(42) од Кичево.
Претходно, тој, управувајќи патничко возило „рено“ без регистарски таблички, удрил во паркирано возило „мицубиши“ со скопски регистарски ознаки.
При преземање мерки во врска со настанот, извршено е алкотестирање, при што полициските службеници констатирале дека го управувал возилото по дејство на алкохол, односно измерени му се 1,72 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти полицијата.
Црна хроника
Турчин уапсен на Табановце: кај него пронајдена марихуана и дробилка

Вчера во 18:15 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода 27-годишнниот А.Х. од Република Турција.
При гранични проверки, односно преглед кај него и контрола на возилото во кое бил сопатник, кај него се пронајдени марихуана и дробилка.
Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Уапсен 32-годишник од Скопско, превезувал прехранбени производи без документација

Вчера полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Р.(32) од село Брест, скопско под сомнение за сторено кривично дело согласно член 278 од Кривичниот законик на Р.С.Македонија.
Имено, при преглед на товарно моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки кое Б.Р. го управувал била констатирана поголема количина на прехранбени производи и филтри за цигари со неутврдена количина и без соодветна документација.
Б.Р. е задржан во Полициска станица известен е јавен обвинител, а возилото е одземено за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.