Македонија
Пратеник на Беса не се појави на закажаната седница за гласање недоверба на Владата
Кастриот Реџепи од Беса не се појави на закажаната седница за гласање недоверба на Владата од 11 часот. Според неофицијални информации, тој не е ниту достапен на своите телефони, со што ниту неговите колеги не може да стапат во контакт со него. Пратеникот Фадил Зендели, исто така пратеник од Беса, на барање на новинарите да одговори каде е неговиот колега, рече: „Попосле ќе се слушнеме“ и не одговори на прашањето.
На повиците не одговара ниту Билал Касами, претседател на Беса и поранешен пратеник. Според неофицијални информации, ниту семејството на пратеникот Реџепи, кој не е во Собранието на седницата, а се потпиша на иницијативата, не знае каде е тој.
Талат Џафери ја напушти седницата во Собранието за да не биде 61. пратеник, кој ќе направи кворум на седницата. Ова доаѓа по завршувањето на пребројувањето на пратениците во салата.
Џафери рече дека продолжението ќе го води потпретседателот на Собранието бидејќи тој не е поддржувач на иницијативата за гласање недоверба на Владата.
„Не сум поддржувач на иницијативата и нема да бидам 61-от тука“, рече Џафери и ја напушти седницата.
Седницата продолжи со потпретседателот на Собранието.
Потоа, Дафина Стојановска, заменик-координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, побара и доби еден час пауза.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Центар, Сопиште и Бутел
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 07:30 до 15:00 часот, корисниците на блокот на згради од булеварот Партизански Одреди бр.17 кон улица Максим Горки, општина Центар.
· во периодот од 07:45 до 15:30 часот, корисниците на селата Јаболци, Ново Брезница, Патишка Река, Држилово, Малчиште, Црн Врв, Елово, Осинчани, Карст с.Јаболци Викендици Држилово, Сателитски Центар, Ново Брезница, Рудпроект, Јаболци, Патишка Река, општина Сопиште.
· во периодот од 08:30 до 10:30 часот, корисниците на улицата Тале Христов, Поликлиника ВФВ и Објектите околу ВРВ Поликлиник, општина Бутел.
· во периодот од 09:00 до 12:00 часот, дел од корисниците на улицата Елисие Поповски – Марко бр.21,47 и други корисници во непосредна близина, општина Центар.
Македонија
Делови од Центар и Аеродром денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска:
– поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на улицата Франклин Рузвелт бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, односно потегот од Орце Николов до Благој Давков, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности.
– поради промена на вентил во шахта ф-2“ на улицата Венијамин Мачуковски бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица, општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Утрото претежно ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност
Утрото претежно ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време. Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла или ниска облачност. Поради разведрувањето утринската температура наместа ќе се спушти под нулата, а дневната ќе бележи тенденција на благ пораст.

