Македонија
Касами за Реџепи: Се сомневам дека некаде се држи присилно
Лидерот на Беса, Билал Касами, се сомнева дека неговиот пратеник Кастриот Реџепи не доаѓа на седница бидејќи негде се држи присилно. Тој рече дека од вчера со пратеникот кој напиша дека нема да гласа за паѓање на Владата на СДСМ и ДУИ нема никаков контакт. Во меѓувреме, потврди дека Беса останува на ставот, како што рече, овој режим треба да падне.
„Сѐ додека нема слика и глас на пратеникот, јас се сомневам дека тоа го има кажано против своја волја. Денеска, не сме се слушнале. Вчера беше последната информација. Сѐ додека не излезе да каже свој став, да каже дека не е присилен, дека ова е доброволно, јас како претседател на Беса имам право да се сомневам дека се држи некаде и не може да дојде во Собранието да си каже својот став“, рече Касами.
Прашан дали ќе успеат како опозиција да обезбедат 62 пратеници како мнозинство, Касами рече: „Во моментот за нас е важно здравјето на пратеникот“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 12:00 часот, корисниците на улиците: Урош Џудовоќ, Осло, Будимпештанска, Лубица Георгиева (Општина Карпош)
Македонија
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на висок воздушен притисок продолжува периодот на претежно сончево и тивко време. Во ноќните и претпладневните часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност.
Македонија
Зимзоленд: Продолжуваме со работа, шпекулација е дека настанот ќе биде затворен
Од Зимзоленд велат дека продолжуваат со работа и дека информациите за неговото затворање се шпекулации.
„Во последните часови на одредени медиуми се појавија неточни информации и шпекулации дека Зимзоленд ќе биде затворен. Ве информираме дека ова не е точно. Зимзоленд продолжува да работи со редовно работно време“, се наведува во јавното соопштението.
Во него се додава дека е точно дека во претходните денови имало инспекциски надзори, но велат дека до надлежните служби била доставена целосната и потребна документација.

