Спорт
Само во Англија! Фудбалер-електричар се обидувал да ја среди струјата

Вчерашниот меч од англискиот ФА трофеј, во кој настапуваат клубови надвор од четирите англиски лиги, помеѓу Марин и Данстон, донесе една невообичаена ситуација во која вистински херој испадна фудбалерот на Данстон, Фил Тарнбул и неговата прва професија на електричар.
Мечот беше сопрен по првото полувреме, откако рефлекторите на „Марин травел арена“ откажаа. Сепак, тука беше Тарнбул, кој успеа својата вештина да ја покаже на инсталацијата. Судијата ги предупреди клубовите дека мораат бргу да го решат проблемот, и иако Тарнбул ги идентификувал проблемот, бидејќи немал алат со себе, морал да почека да дојдат мајсторите.
Марин, му се заблагодарија на Тарнбул за обидот. Мечот, пред 1.202 гледачи, на крајот заврши 2:2, а Марин победија со 5:4 на поени. Тарнбул постигнал гол во пенал-серијата, но на крајот си заминал како поразен.
Floodlights cut out at @MarineAFC v @dunstonutsfc – Dunston centre-half having a go at the electrics whilst game is postponed ?♂️ only at marine ⚫️ pic.twitter.com/40e9tYcTJc
— Jack Swainston (@Jackswainston13) November 13, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Јувентус падна во Парма

Фудбалерите на Јувентус загубија како гости од Парма со 1:0 (1:0) во 33. коло од италијанската Серија А.
До самиот крај на првиот дел од натпреварот мрежите мируваа, а потоа домашните успеаја да ја затресат мрежата во судиското надополнување. Стрелец беше Матео Пелегрино.
Избраниците на Игор Тудор вршеа притисок, особено на крајот од дуелот, кога можеби Јуве беше оштетен за пенал, по играње со рака на играч на Парма.
Во 91. минута Консеисао шутираше од работ на шеснаесетникот, но ударот заврши крај стативата и тоа е можеби најдобрата шанса за Јувентус.
Во продолжение Парма одолеа на сите обиди, одлично се бранеше и на крајот триумфално го заврши натпреварот.
Спорт
Модриќ доби 30-дневен договор со Реал

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид ги продолжи договорите со двајцата ветерани Лука Модриќ и Лукас Васкез.
Но, не како што обично се случува една година или повеќе, туку само еден месец.
Договорите на Модриќ и Васкез истекуваа на 30 јуни, а новите завршуваат на 30 јули, објави мадридски „Ас“.
Причината за овој необичен потег лежи во учеството на Реал на Светското клупско првенство од 14. јуни до 13. јули.
Овој искусен тандем е важен за избраниците на Карло Анчелоти и на овој начин ќе можат да играат во новото натпреварување на ФИФА.
По клупскиот Мундијал, судбината на ветераните е неизвесна. Се шпекулира дека Реал нема да им понуди нови договори.
Спорт
Вардар и Струга ќе се борат за трофејот во Купот на Македонија

Фудбалерите на Вардар и Струга ТЛ изборија пласман во финалето на националниот Куп. Вардар одигра 1.1 во реваншот против АП Брера, во финалето се пласира со вкупен резултат 4:1, нерешено 1:1 заврши и реваншот меѓу Струга ТЛ и Шкендија, струѓани се пласираа во финалето со вкупен резултат 3:2.
Вардар по пауза од 18 години ќе се бори за трофејот во Купот на Македонија, додека Струга ТЛ по 2023 година повторно доби шанса да се бори за трофејот.
Брера во Струмица го отвори резултатото во 34.минута со голот на Јанкуловски, а конечните 1.1 ги постави Талевски во 58.минута.
Струга по триумфот во Тетово, во првиот меч 2.1, во реваншот на домашен терен прашањето на победникот во овој двомеч практично го реши во 19.минута кога Укпа погоди за 1:0. Шкендија изедначи во 92. со автоголот на Радиќ.