Регион
Радев и Герџиков одат во втор круг од претседателските избори во Бугарија

Актуелниот претседател на Бугарија Румен Радев и Анастас Герџиков ќе се натпреваруваат во вториот круг.
Ниту еден од кандидатите за претседател не успеа да ги добие потребните гласови. Во моментов разликата меѓу нив е 24,3 проценти во корист на Радев, кој освои 49,3 отсто од гласовите, а неговиот противкандидат – 25 проценти.
„Промената продолжува“ на Кирил Петков и Асен Василев, кои беа министри во преодната Влада на Бугарија, освои најмногу гласови на денеска одржаните парламентарни избори со 25,7 отсто од гласови, покажуваат податоците од излезната анкета на Галуп интернешнл Балкан во 19 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Вучиќ в среда им се враќа на работните обврски

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, ќе се врати на своите службени обврски од среда, дознава Б92.нет од Генералниот секретаријат на Претседателството.
Според Б92.нет, за среда наутро се закажани средби со рускиот и британскиот амбасадор.
Се очекува српскиот претседател да се обрати до нацијата во среда навечер.
Вучиќ ја прекина посетата на САД поради болки во градите, по што се врати во Србија. Лекарите препорачаа неколку дена строг одмор.
Српскиот претседател денеска се огласи на Инстаграм. „Почнувајќи од оваа недела, ќе чекориме самоуверено, со вера во нашите срца и души, бидејќи никој не може да ја запре Србија која создава, гради и сонува. Поминавме низ тешкотии, наидовме на пречки, но тие не нè скршија. Не можеа, бидејќи соништата на народот кој верува во работата, чесноста и љубовта кон својата земја не можат да бидат уништени.
Гордоста, достоинството и вербата во подобро утре отсекогаш нè воделе! Значи, продолжуваме заедно кон целта, јас одам пред вас за да бидам штит, да се борам и да дадам сè што можам за земјата што ја сакам.
Сите мора да продолжиме напред за Србија – заедно, силно, непоколебливо. Да живее Србија“, рече Вучиќ.
Регион
Вучиќ се огласи по приемот во болница: „Одам пред вас за да бидам штит“

Српскиот претседател Александар Вучиќ се обрати за прв пат откако ја прекина посетата на САД поради болки во градите, по што се врати во Србија.
Вучиќ се огласи на Инстаграм. „Почнувајќи од оваа недела, ќе чекориме самоуверено, со вера во нашите срца и души, бидејќи никој не може да ја запре Србија која создава, гради и сонува. Поминавме низ тешкотии, наидовме на пречки, но тие не нè скршија. Не можеа, бидејќи соништата на народот кој верува во работата, чесноста и љубовта кон својата земја не можат да бидат уништени.“
„Гордоста, достоинството и вербата во подобро утре отсекогаш нè воделе! Значи, продолжуваме заедно кон целта, јас одам пред вас за да бидам штит, да се борам и да дадам сè што можам за земјата што ја сакам.
Сите мора да продолжиме напред за Србија – заедно, силно, непоколебливо. Да живее Србија“, рече Вучиќ.
Регион
Сведоштво по страшната сообраќајка во Хрватска: „Се слушна силен тресок, врескање, а луѓето излегуваа низ прозорците“

Две лица загинаа, а повеќе од 30 се повредени во страшната сообраќајка што се случи на автопатот А3 низ Хрватска вчера ноќта. На кобната несреќа, во која учествувале автобус и автомобил од Босна и Херцеговина, ѝ претходел „судир“ на автомобил голф и срна, која излетала на автопатот.
„Автомобилот налета на срна која истрча на патот. Возачот очигледно не можел да го придвижи автомобилот после тоа, но излегол на патот и мавнал кон другите автомобили за да ја намали брзината и да застане. Возачот на автобусот што доаѓал не застанал и удрил во тој автомобил, ја пробил заштитната ограда и се превртел и завршил во спротивен правец“, изјавил Мирослав Голуб од противпожарната служба, пренесува 24сата.
Очевидци раскажале за ГП Маљевац како изгледале застрашувачките моменти по судирот. “Тоа беше како на филм.
„Се слушна силен тресок, а потоа и врескање. Луѓето се обидуваа да излезат низ скршените стакла на автобусот. Возачот на автомобилот стоеше на страна и мавташе за да ги предупреди другите, но не успеа”, рекол сведок на хоророт на автопатот.