Спорт
Јанг му пресуди на Милвоки, шоу на Дерозан во ЛА, Јокиќ за 3/4 го „растури“ Портланд

Шест натпревари беа на програмата во НБА-лигата. Тре Јанг му пресуди на шампионот Милвоки, Кевин Дурент му пресуди на својот поранешен клуб, Никола Јокиќ за три четвртини го растури Портланд, Демар Дерозан го доби дуелот со Пол Џорџ, во дербито ЛА Клиперс-Чикаго.
Чикаго булс ја потврди одличната форма во Лос Анџелес. Булси славеа над Клиперс 100:90. Дерозан го предводеше Чикаго со 35 поени, седум скока и пет асистенции, Зек Лавин го следеше со 29 поени. Кај Клиперс се истакна Џорџ со 27 поени, 11 скока и четири асистенции.
Атланта ја прекина серијата од четири порази со триумфот над актуелните шампиони Милвоки Бакс. Атланта славеше со 120:100, благодарение на Јанг. Бекот на Хокс постигна 42 поени, на кои придодаде осум скока и 10 асистенции. Јанг постигна осум тројки, пет од нив во првата четвртина од натпреварот.
Дурент немаше милост кон поранешниот тим. Бруклин славеше во Оклахома, 126:90. Кеј-Ди постигна 33 поени. Ова е негов 14. натпревар по ред, на кој постигнува 20+ поени. Покрај Дурент, кај Бруклин се истакна и Пети Милс со 29 поени.
Денвер нагетс му го расипа дебито на Чонси Билапс на клупата на Портланд. Нагетси забележаа убедлива победа, 124:95. Никола Јокиќ одигра 28 минути, во последниот период воопшто не влегуваше на теренот. Јокиќ мечот го заврши со 28 поени и по девет скока и асистенции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Фабио го изедначи неверојатниот рекорд на Питер Шилтон
Голманот на Флуминензе, Фабио (44), го израмни рекордот на Англичанецот Питер Шилтон по број на официјални натпревари во машкиот фудбал. Во саботата, во победата на неговиот тим против Форталеза со резултат 2:1, тој го одигра 1.390 натпревар во кариерата. .
Оваа бројка, објавена од Флуминензе, ја потврди и бразилскиот медиум „Глобо Еспорте“.
„Бог ми го даде овој дар“, изјави Фабио за „Глобо“. „Морам да им се заблагодарам на сите што беа дел од мојот живот: моите родители, сестрите, пријатели, сопругата… Се обидувам да бидам добар човек. Најважно е да им помагам на моите соиграчи. Благодарен сум – но без Бога, ништо не би било можно. Овие натпревари се тешки, играме против многу силни тимови. Секогаш се бориме за да ја постигнеме целта – а тоа се титулите.“
Во својата 28-годишна професионална кариера, бразилскиот голман бранеше за: Униао Бандеиранте (30 натпревари), Васко да Гама (150), Крузеиро (976) и Флуминензе (234).
Фабио би можел да го престигне Шилтон веќе во вторник, ако брани за Флуминенсе против колумбискиот клуб Америка де Кали, во реваншот од осминафиналето на Копа Судамерикана.
Бидејќи е стандарден голман на Флуминенсе, се очекува да игра и со тоа да стане апсолутен рекордер.
Поранешниот англиски голман Питер Шилтон (75), кој бранеше од 1966 до 1997 година, призна во 2023 година дека Фабио се приближува до својот рекорд и рече дека ќе биде првиот што ќе му честита ако го престигне.
Патем, бројката од 1.390 натпревари е спорна. Гинисовата книга на рекорди и многу веб-страници за статистика ја наведуваат точно таа бројка, но самиот Шилтон тврди дека има 1.387 натпревари во кариерата.
Разликата доаѓа од фактот дека Гинис брои 16 неофицијални натпревари што Шилтон не ги признава, додека тој брои 13 натпревари за младинската репрезентација на Англија (У23), кои не се сметаат.
Спорт
Јунајтед и Рома се договорија, сега Санчо треба да ја договори платата со „волчицата“

Манчестер јунајтед се согласи да го продаде Џејдон Санчо во Рома за 23 милиони евра, но англискиот репрезентативец сè уште не ги договорил финансиските услови, ќе мора да прифати намалување на платата.
Италијанските медиуми објавија дека клубовите постигнале договор за позајмица со обврска за откуп на договорот од 23 милиони евра.
Јунајтед е заинтересиран да го продаде Санчо, чиј договор истекува следното лето, но големиот проблем е платата на 25-годишникот од 15 милиони евра по сезона.
Со оглед на тоа дека ова е далеку над можностите на Рома, клубот му предложи на Санчо да потпише петгодишен договор за да ја распредели својата плата.
Санчо би заработувал околу 4,5 милиони евра по сезона на Олимпико плус бонуси.
Јувентус и Бешикташ се исто така заинтересирани за Санчо.
Санчо ја започна својата кариера во Борусија Дортмунд, од каде што се пресели во Манчестер јунајтед во 2021 година. Тој беше отстранет од тимот во септември 2023 година поради недостаток на посветеност и недисциплина, а вториот дел од сезоната го помина на позајмица во Дортмунд.
Минатата сезона играше на позајмица во Челзи.
Спорт
Елмас на радарот на клубови од Италија, Турција и Англија

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, до крајот на преодниот рок ќе го напушти Лајпциг. Елмас, вториот дел од сезоната го мина на позајмица во Торино. Лајпциг за неговите услуги бара околу 20 милиони евра.
Најреално во овој момент е Елмас да се врати во Италија. Торино сака да го откупи од Лајпциг, но не и да плати 20 милиони.
Проблем со финансиите нема поранешниот клуб на макеоднскиот репрезентативец, Наполи. Засега актуелниот италијански шампион важи за најголем фаворит за неговиот потпис.
Фудбалскиот инсајдер Екрем Конур, тврди дека покрај Наполи и Торино, интерес за 25-годишникот покажале Бепикташ и Вест Хем.
Foto/ EPA/ELISABETTA BARACCHI