Црна хроника
Кривични за приватизацијата на Тиквеш
Против поранешна директорка на Комисијата за хартии од вредност, управител во компаијата „М-6 Светлана и останати” и брокер се подесени кривични за постоење основано сомнение за злоупотреба на службена положба и овластување, велат од МВР
Тритe лица се товарат дека незаконски се стекнале со повеќе од милион евра со нелегално изведената приватизација на Винарската визба Тиквеш од Кaвадарци. Министерството за внатрешни работи поднесло кривични пријави против поранешната директорка на Комисијата за хартии од вредност, Весна Пендовска Пајванска, управителката во Трговското друштво „М-6 Светлана и останати” ДОО Скопје Светлана Пендаровска, и еден брокер од скопска брокерска куќа кому не се отркива идентитетот, поради постоење основано сомневање дека сториле злоупотреба на службена положба и овластување. Според кривичните пријави, тројцата осомничени и’ овозможиле на компанијата „М-6 Светлана и останати” на незаконски начин да се стекне со материјална полза од 64.604.984 денари или нешто повеќе од милион евра. Ваквата заработка тије ја оствариле, на штетата на малцинските акционери на кавадаречката винарската визба, сти во поднесената пријава. Весна Пендовска-Пајванска, како тогашен директор на Комисијата за хартии од вредност, преку овластениот брокер дозволила на Македонската берза на хартии од вредност, на 09, 21 и 24 јули 2003 г. да се истргуваат вкупно 42.184 акции издадени од Винарската визба “Тиквеш”, по цена од 1.000 денари, иако знаела дека купувачот М-6, заклучно со 04 јули 2003, поседувал 44,15 отсто од вкупниот број на издадени акции од ВВ “Тиквеш”, со што биле исполнети условите за започнување постапка за преземање на Акционерското друштво. Законски трансакции на акциите направени во јули 2003 година требало да се тргуваат по највисоката цена која акциите ја достигнале на Берзата во последните шест месеци, а тоа е по 1.901 денар, а не по 1.000 денари. Со ова тогашната директорка на Комисијата на малцинските акционери им причинила вкупна штета во износ од 38.007.784 денари и му овозможила на М-6 да се стекне со противправна имотна корист за споменатиот износ, како и со правото на управување со ВВ “Тиквеш”.Незаконското работење на продолжило и во април 2004 г., кога Пендовска-Пајванска спротивно на Законот за преземање на акционерските друштва, дозволила или овозможила другите двајца осомничени да започнат постапка за преземање на „Тиквеш”, иако споре пријавата знаела дека на 1 ноември 2003 г. компанијата веќе контролирала 64,56 отсто од акцииите, оформил органи на управување во Винарската визна „Тиквеш” и правно го преземал управување. Со цел да го прикрие незаконското работење првопријавената на 29 април 2004 г., донела Решение за издавање дозвола за понуда за откуп со кое им одобрува на другите пријавени да започнат постапка за преземање на ВВ “Тиквеш”, иако тројцата знаеле дека таа веќе била преземана од ТД М-6 Светлана и останати”, а понатамошното тргување со акциите требало да се одвива согласно слободниот пазар на Македонската берза за хартии од вредност, велат од МВР.Упраителката на „М-6 Светлана и останати”, Светланата Пендаровска, иако била запознаена со целокупната состојба, доставила понуда – Проспект за откуп на обични акции од „Тиквеш” и негово преземање. Блок-трансакцијата согласно Проспектот за откуп на 10.856 обични акции била реализирана преку Македонската берза за хартии од вредност, на 16.6.2004 година по цена од 1.000 денари согласно одобрението што го дала КХВ. Оваа цена не е највисоко постигнатата бидејќи на 25 мај 2004 година на слободниот пазар на хартии од вредност се истргувани акции на ВВ “Тиквеш” по цена од 3,450 денари. На ваков начин оштетени се малцинските акционери за уште 26.597.200 денари, а за истиот износ му е овозможено на М-6 да се стекна со противправна имотна корист.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

