Свет
Научниците согласни дека Шведска помогнала во ширењето на коронавирусот во другите земји
Стратегијата за коронавирусот во Шведска помогнала да се шири болеста во другите земји, покажала студијата, објавена во списанието „Евросурвелијанс“ (Eurosurveillance), спроведена од истражувачи од Универзитетот „Упсала“ во Шведска, Норвешкиот институт за јавно здравје и Универзитетот во Сиднеј во Австралија.
„Шведска беше нето-извозник на вирусот Сарс Ков-2 во соседните нордиски земји во првата година од пандемијата“, изјави Џон Петерсон од Универзитетот „Упсала“ за Шведската телевизија.
Утврдено е дека Шведска вовела премногу слаби мерки за да го запре ширењето на вирусот во раните фази на пандемијата за разлика од другите скандинавски земји, што резултира со првичен голем број инфекции и на крајот доведе до мутација на вирусот, тврдат истражувачите.
Студијата се заснова на анализа на примероци од 71.000 пациенти, што им овозможи на научниците да го анализираат генетското потекло за ширење на вирусот во скандинавската област.
Синџирите на инфекција се формирале во Шведска пред да ги преминат државните граници во неколку стотици случаи.
„Нашите резултати покажуваат дека шведската стратегија за порелаксирани мерки имала влијание врз епидемиолошката состојба во земјата, но и во целиот нордиски регион“, наведуваат авторите на студијата.
Сепак, студијата исто така забележува дека Шведска, како и Данска, е транзитна земја. Финска е особено погодена и покрај строгите ограничувања за патување. Научниците изјавија дека вирусот го донеле Финците на кои не им бил забранет влезот во Шведска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Вучиќ: Помина година од денот што засекогаш ја промени Србија
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, присуствуваше на парастосот во Храмот „Свети Сава“ во спомен на 16-те жртви кои загинаа при пад на настрешницата на железничката станица во Нови Сад.
„Помина година од денот што засекогаш ја промени Србија. Шеснаесет животи беа изгубени. Денеска за секој од нив палиме свеќа, молејќи се во тишина и верувајќи дека нивните имиња и спомени ќе останат засекогаш во нашите срца,“ напиша Вучиќ на Инстаграм.
Тој додаде дека во вакви моменти најважно е Србија да остане достоинствена и обединета:
„Без тешки зборови и поделби, во тишина да упатиме молитва за загинатите. Нека нивните имиња бидат потсетник дека човечкиот живот е над секоја поделба,“ порача Вучиќ, изразувајќи сочувство до семејствата на настраданите.
Регион
(Видео) Десетици илјади луѓе им оддадоа почит на жртвите на железничката станица во Нови Сад
Десетици илјади луѓе се собраа во Нови Сад, Србија за да им оддадат почит на оние што загинаа кога се урна кровот на железничката станица пред точно една година.
Во 11:25 часот по локално време – моментот кога се случи инцидентот во вториот по големина град во Србија – учесниците на комеморативниот собир одржаа молк кој траеше 16 минути, по една минута за секоја од 16-те жртви.
NOVI SAD ❤️🩹
01.11.2025. pic.twitter.com/MTSRNb4YAx
— Shonetin (@kaonikotinn) November 1, 2025
Српските студенти – главните иницијатори на протестите кои бараат правда за одговорните за инцидентите нагласија дека ова е мирен собир и ги повикаа оние кои сакаат да се приклучат да дојдат без свирежи или транспаренти и да почитуваат тишина. Луѓето се собраа на сите главни патишта, плоштади, пазари, како и во студентскиот град.
Меѓу загинатите беше и четириесет и петгодишниот Македонец, Васко Саздовски, кој работел како професор во Институт за роботика во Нови Сад. Натстрешницата паднала додека тој чекал воз со кој требал да се врати во Македонија кадешто живеело неговото семејство.
Регион
Годишнина од трагедијата во Нови Сад кога настрешницата на железничката станица падна и уби 16 лица
Денес се навршува точно една година од ужасната трагедија на главната железничка станица во Нови Сад, кога настрешницата падна и уби 16 лица.
Падот на настрешницата се случи во 11:52 часот наутро, над главниот влез на станицата. Официјалните податоци од српското Министерство за внатрешни работи покажуваат дека 14 лица загинале на лице место, вклучувајќи 3 деца, додека уште две лица починале подоцна во болница од повредите.
Членовите на спасувачките служби од речиси цела Србија тој ден неуморно ги расчистуваа урнатините во потрага по преживеани. Сведоците и спасувачите потоа ги опишаа сцените како морничави со вресоци и паника под урнатините. Најтешкиот дел беше извлекувањето на жртвите, особено децата.
Денот по трагедијата, 2 ноември 2024 година, во Србија беше прогласен Ден на жалост. Во Нови Сад беше прогласен тридневен период на жалост, кој го потпиша градоначалникот Милан Ѓуриќ.

