Спорт
Тадиќ: Пикси го обожава холандскиот фудбал, бара да играме атрактивно!

Капитенот на фудбалската репрезентација на Србија, Душан Тадиќ, кој е еден од главните фудбалери во составот на Ајакс, предизвика големо внимание во Холандија откога со Србија обезбеди пласман на СП притоа совладувајќи ја Португалија во Лисабон.
„Тоа е моја должност како играч и капитен. Да бидам тука кога е потребно. Сме победувале големи селекции и порано, но да ја победиш Португалија на свој терен – тоа е огромно достигнување“, изјави Тадиќ во интервју за „Телеграф“.
Тој порача дека еден ден сака да игра против „лалињата“.
„Ја сакам Холандија и би сакал еден ден да играм против вашата репрезентација затоа што не сум играл до сега. Не би сакал да се доведеме во ситуација да мора да се елиминираме едни со други. Нека биде во финале ако мора“, смета Тадиќ.
Тој вели дека целта на Србија на мундијалот е да победат некоја голема репрезентација.
„Ајде првин да ја поминеме групата, па тогаш сѐ е можно. Селекторот Драган Стојковиќ нѐ натера да веруваме дека Србија може да победи секого. Со тој став ги елиминиравме Португалците. Селекторот Стојковиќ ги обожава холандскиот фудбал и неговата филозофија, затоа и бара од нас да играме офанзивен, атрактивен и креативен фудбал. Да бидеме доминантни со топката“, вели капитенот на „орлите“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Центарот на Макаби се сели во НБА?

Кошаркарот на Макаби Тел Авив, Роман Соркин, би можел да ја продолжи кариерата во НБА откако неколку тима покажаа интерес за него.
Соркин импресионираше на Евробаскетот за Израел, со просек од 16,5 поени и 6 скока по натпревар.
Израел го заврши учеството во осминафиналето, со поразот од Грција. Интерес за Соркин покажале Мајами Хит, Њујорк Никс и Портланд Треил Блејзерс, тврди новинарот Иан Бегли.
Инаку, Соркин се пријави на драфтото во 2018 година, но не беше избран.
Минатата сезона, играјќи за Макаби Тел Авив во Евролигата, тој имаше просек од 12,9 поени и 4,1 скока по натпревар, шутирајќи 50,9 проценти од поле.
Спорт
Куртоа си купи ноќен клуб

Тибо Куртоа одлучи да развие бизнис надвор од фудбалскиот терен.
Според белгиските медиуми, искусниот голман одлучил да го купи ноќниот клуб „Версуз“ во Хаселт, на северот од Белгија.
Беше затворен минатиот мај, но сега Куртоа сака да му вдахне нов живот.
Планот е целосно да се реновира, за гостите да имаат максимална атмосфера во форма на удобност, музика…
Капацитетот треба да биде околу 4 илјади луѓе.
Спорт
Проблем за Гвардиола – Мармуш се повреди играјќи за Египет

Лоши вести пристигнаа на „Етихад“ од Африка бидејќи Омар Мармуш ги повреди лигаментите на коленото.
Сериозноста на повредата на египетскиот напаѓач ќе ја утврдат специјалистите во Каиро, а потоа и лекарите и специјалистите од Манчестер Сити на прегледот кога ќе се врати во Англија.
Во четвртата минута од дуелот против Буркина Фасо, Мармуш доби силен удар во коленото. По помошта, тој остана на теренот уште неколку минути и побара измена.
Како што стојат работите сега, Мармуш ќе го пропушти градското дерби против Манчестер Јунајтед во недела.
Foto/ „X“