Манифестации
Стохолм ќе биде домаќин на Евровизија 2016
Арената „Глобен“ во Стокхолм, главниот град на Шведска, е местото каде во 2016 година ќе се одржи натпреварот за најдобра песна во Европа – Евросонг 2016.
Арената „Глобен“ во Стокхолм, главниот град на Шведска, е местото каде во 2016 година ќе се одржи натпреварот за најдобра песна во Европа – Евросонг 2016.
Пред три години, кога Шведска повторно беше победник на Евровизија, домаќин беше јужниот град Малме. Откако шведскиот претставник на Евровизија, Монс Земерлов, ја однесе победата на годинашниот Евросонг на 24-ти мај, имаше многу шпекулации за тоа кој град во Шведска ќе го организира натпреварот.Покрај online кампањите Гетеборг, вториот по големина град во Шведска, да биде домаќин следната година, како и Умео на северот на Шведска, сепак, честа да биде организатор ја доби главниот град, Стокхолм, и тоа во арената „Глобен“ која се наоѓа во јужниот дел од градот.„Со нетрпение чекам да ја пречекаме Европа во Стокхолм на еден од најголемите светски телевизиски настани“, вели Хана Старне, претседател на шведската телевизиска мрежа SVT, која ќе го пренесува шоуто.„Натпреварот за песна на Евровизија е и музички настан и фестивал, а во Стокхолм ќе ги понудиме двете“, вели таа. „Стокхолм ќе покаже уште еднаш дека е подготвен натпреварувашето да го качи едно ниво погоре“, вели Мартин Естердал, кој ќе биде извршен продуцент на шоуто до година.SVT откри дека Шветската Tele2 Arena, уште еден голем објект како Глобен, ќе биде вклучена во настанот.Градоначалникот на градот Карин Вангорд вели: „Нашиот град врие од активности кои се однесуваат на музиката. Креативноста ни е во срцата“.Се надева дека тоа што Стокхолм ќе биде домаќин на натпреварот ќе го стимулира уметничкиот дух на градот уште повеќе, а се надева дека и локалните жители и туристите ќе уживаат во шведското музиќко чудо. Јужниот шведски град Малме, беше домаќин на Евросонг во 2013 година откако пејачката Лорин ги доби гласовите година пред тоа. Победата на Монс Зимерлов со песната Heroes, ја направи нордиската земја шести пат победник на Евросонг, а пред неа е само Ирска со седум победи. Најпознатата шведска група Абба, и ја донесе првата победа на земјата во 1974 година./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Полска вечер на „Охридско лето“ со концертот на гудачкото дуо Салвадор
Полската вечер во рамките на годинешното издание на „Охридско лето“ го носи концертот на гудачкото дуо Емануел и Емилија Салвадор.
За виолинистот Емануел Салвадор специјализираниот магазин „Страд“ пишува дека е еден од најдобрите виолинисти од неговата генерација. Студирал и на Кралскиот колеџ за музика во Лондон. Емануел Салвадор има снимено неколку албуми и реализирано успешни концертни турнеи во Југоисточна Азија, Кина, Јапонија и САД.
Емилија Гох Салвадор како уметник на виола има дипломирано со највисоки оценки на музичката академија „Јан Падеревски“ во Познан во класата на проф. Доминик Рутовски. Во 2008 година го основа гудачкиот оркестар „Балтик Неополис“.
Култура
Утре, во Трпејца, почнува 12. издание на манифестацијата „На зајдисонце“
Во организација на здружението „За Трпејца со љубов“ и под покровителство на Општина Охрид, од утре до 28 јули, 12. пат оваа туристичка населба и гостите ќе дишат во ритамот на новото издание на културно-забавната манифестација „На зајдисонце“.
Утре, четврток, на отворената сцена во Трпејца, од 20.30 часот, во името на покровителот, Општина Охрид, манифестацијата за отворена ќе ја прогласи заменик-градоначалникот Перчо Божиноски.
Приустните ќе може да ја видат изложбата на дела од Интернационалната уметничка колонија, која се одржува во Трпејца, а во музичкиот дел ќе настапат Влатко Броз и диџеј Марама.
В петок во истиот термин публиката ќе може да се запознае со минатото на дел од околината на Трпејца. Младиот Петар Симоноски ќе прикаже видеопрезентација на тема: „Тврдина Осој од VI век“.
Викендот е резервиран за документарни филмови. В сабота навечер публиката ќе го гледа документарно-туристичкиот филм „Трпејца на дланка“, работен по сценарио на Милчо Јованоски.
Следната вечер од 20.30 часот публиката ќе се запознае со Љупчо Паункоски и неговиот документарен филм „Охридските пливачки легенди“.
Неделното утро е резервирано за традиционалната прошетка на домаќините и гостите по патеката Чоколско.
В понеделник, на 24 јули, во Трпејца ќе гостува бендот „3.0“ (три промили), а денот потоа е резервиран за традиционалната кајакарска регата „Номче Митрески“ и натпреварот во пливање.
Вечерта е резервирана за прошетката „Со кајче по езерото“.
В среда, на 26 јули, од 19.30 часот, посетителите на манифестацијата „На зајдисонце“ ќе може да учествуваат на атрактивната трка со куфери по скалинадата во Трпејца.
Час подоцна, ќе следува интересната видеопрезентација „Пчелите ќе го спасат светот“ од Петар Стојаноски од фирмата „Органски природен мед“ од Трпејца.
Претпоследната вечер од културното лето во Трпејца е резервирана за драмското студио „Цвет 75 “ од Охрид, под раководство на Драгана Боцевска. Младите актери ќе ја одиграат претставата „Пепелашка од Охрид“.
На крајот од дванаесеттото издание на „Зајдисонцето“, охридскиот сликар, фотограф и филмофил Ѓоко Симјаноски ќе гостува со изложбата на портрети „Беше еднаш Холивуд“.
Летото во свој стил со пародијата „Дојдете во Трпејца“ ќе го затворат познатата македонска актерка Марија Кондовска и угостителот Марјан Митрески-Мац.
Култура
Заврши 57. фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп: „…Медеја“ е најдобра претстава
Синоќа со врачувањето на наградата за претставата „Се викам Медеја“ (My Name is Medeja) на Народниот театар од Битола за најдобро уметничко остварување во целина заврши 57. фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.
Награда за најдобра режија доби Себастијан Хорват, за најдобра главна женска улога – Илина Чоревска, за најдобра музика – Драго Ивануша и за најдобар рекламен материјал – Сашо Илковски.
Скопскиот Драмски театар и претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ освои 5 награди, меѓу кои и за главна машка улога за Дамјан Цветановски и за најдобра женска епизодна улога за Емилија Мицевска.
Наградени беа и Турскиот театар за претставата „Човек перница“, како и Прилепскиот театар за „Мистерија Буфо“ и на Театарот за деца и младинци, за „Роња, ќерката на ограбувачот“.
Наградата за современа сценска драматизација ја доби Лидија Митоска-Ѓоргиевска за „Мистерија Буфо“.
Наградата за млад актер „Трајко Чоревски“ ја доби Хакан Даци за улогата на Катуриан во претставата „Човек перница“ во изведба на Турскиот театар од Скопје, копродукција со „Машина продакшн“ и „Пик продукција“. За истата претстава, за улогата на Микаил, актерот Дин Ибрахим ја доби наградата за најдобра машка епизодна улога. Наградата за млада актерка ја доби Матеа Јанковска за Роња во „Роња, ќерката на ограбувачот“ на Театар за деца и младинци од Скопје.
Со свечената вечер со наградените на финалето на „Черондрински“ и со изведбата на „Последниот балкански вампир“ на Дејан Дуковски и Александар Поповски, на Српското народно позориште од Нови Сад, се спушти завесата на годинешниот МТФ „Војдан Чернодрински“, со најава за нова свежина и афирмација на македонската драма вгодина.