Спорт
Проблем за Денвер, крај на сеозната за Портер јуниор

Кошаркарот на Денвер Нагетс, Мајкл Портер јуниор, би можел да го пропушти остатокот од сезоната. Портер јуниор го повреди грбот минатата недела против Хјустон.
Нагетс го избраа Портер јуниор на драфтот во 2018 година од 14.позиција. Првата сезона ја пропушти поради повреда. Наредните две беа добри за крилниот кошаркар, поради што Денвер решија да го „врзат“ со долгогодишен договор, максимално вреден 207 милиони долари.
„Денвер пост“, пишува дека повредата на грбот, веројатно ќе го оддалечи Портер јуниор од кошаркарските терени до крајот на сезоната. Овој извор не ја исклучува можноста кошаркарот да заврши на операција.
Повредата на Портер јуниор драстично ќе ги намали амбициите на Денвер за оваа сезона. Тимот, сигурно уште неколку месеци ќе биде без Џамал Мареј, а не е познато кога лидерот, Никола Јокиќ ќе се врати на теренот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Сака ќе го пропушти, а Едегор под знак прашалник за дербито со Ливерпул

Крилниот напаѓач на Англија, Букајо Сака, ќе го пропушти натпреварот на Арсенал од Премиер лигата против Ливерпул во недела и квалификациските натпревари на Англија за Светското првенство против Андора и Србија следниот месец поради повреда.
Сака ја повреди тетивата во саботата, во победата на домашен терен против Лидс Јунајтед (5:0). Првите проценки се дека крилниот напаѓач нема да може да игра до четири недели, објавува Би-би-си. Англискиот репрезентативец пропушти три и пол месеци од минатата сезона по операција на десната тетива.
Капитенот на Арсенал, Мартин Едегор, е исто така под знак прашалник за натпреварот на „Енфилд“ поради повреда на рамото заработена во победата против Лидс. Едегор изгледаше во болка кога беше заменет во првото полувреме, поради повреда на рамото.
Foto/ EPA/ADAM VAUGHAN
Спорт
Македонија на универзијадата во Полска успеа да освои три медали во карате

Македонската универзитетска карате репрезентација во финалните борби од последниот ден на Европската универзијада која се одржува во Варшава успеа да освои златен медал. Со тоа Македонија на ова елитно универзитетско европско натпреварување, освои вкупно три медали и оствари два високи пласмани на 5-то место.
Медалите ги освоија Ангела Мојсовска златен медал, сребрен медал Љупче Михаилов и еден бронзен медал Викторија Јовановска. Петар Заборски (-75кг) и Јована Мицовска (-61кг), се високо пласирани на петто место.
Ангела Мојсовска – Златен медал
Ангела Мојсовска успеа во финалната борба да ја победи противничката од Косово Мустафа Бехије со резултат 4-3 и го освои златниот медал во категоријата -68 кг. Ангела Мојсовска настапи за универзитетот (Св, Кирил и Методиј, таа е член на К.К Макпетрол – Скопје.
Љупче Михаилов вториот финалист не успеа да победи во борбата за златен медал и тој го освои сребрениот медал во категоријата -75 кг.
Медалистите ги имаа следните настапи:
-68 кг Ангела Мојсовска – Нина Лукенда (Хрватска) 8-4 Ангела Мојсовска – Амина Фејзиќ ( БиХ) 4-3 Ангела Мојсовска – Влере Керими (Косово) 3-1 Финале Ангела Мојсовска – Мустафа Бехије (Косово) 4-3 златен медал
-75 кг Љупче Михајлов – Аднан Карача (БиХ) 7-1 Љупче Михајлов – Кара Абдулјадир (Турција) 1-0 Љупче Михајлов – Дмитро Федотов (Украина) 4-0 Љупче Михајлов – Нико Шпарер (Швајцарија) 4-0 Финале Љупче Михајлов – Омер Фарук (Турција) 0-10 сребрен медал
Љупче Михаилов, сребрен медал
-61 кг Викторија Јовановска – Талија Блејк (Велика Британија) 2-2
Викторија Јовановска – Михаела Малаута (Романија) 2-3 Репасаж Викторија Јовановска – Матилде Саке (Франција) 7-1 За бронза Викторија Јовановска – Лејла Топаловиќ (Австрија) 3-0 бронзен медал
Викторија Јовановска и селекторот Бошко Заборски
Спорт
Вирц откри зошто го избрал Ливерпул пред Баерн

Флоријан Вирц го оствари рекордниот трансфер ова лето. Така и ќе остане доколку Њукасл не се согласи да му го продаде на ливерпул, Александер Исак. Ливерпул со трансферот на Вирц го урна англискиот рекорд, на Баер Леверкузен му плати 125 милиони евра.
За многумина вистински шок предизвика одлуката на Вирц да се пресели на „Енфилд“. Најмногу шокирани беа челниците на Баерн Минхен. Долго време се шпекулираше дека тлентираниот играч од редот за врска кариерата ќе ја продолжи во најтрофејниот германски клуб.
„Исто како пред пет години, кога го напуштив Келн на 16 години и отидов во Леверкузен, барав место каде што најдобро ќе можам да ги развијам моите фудбалски вештини и каде што ќе можам да станам најуспешен играч“, рече Флоријан Вирц и додаде:
„Затоа го избрав Ливерпул. Сè уште не сум се покајал. Интензивно ги истражував двата клуба, не беше лесно да донесам одлука. Но, ја донесов со 100 проценти убедување и сум среќен поради тоа.“
Тој сакаше да ја промени земјата, бидејќи верува дека тоа е поголем предизвик, дека на тој начин ќе напредува побрзо и повеќе. И како играч и како личност.
„Голем чекор е да се оди во друга земја и да се соочиш со сите промени. Исто така, да се прифати нова улога во тим со различен стил. Дефинитивно би рекол дека е поголем предизвик, свесно го избрав за да станам подобар играч.“
Foto/ EPA/ADAM VAUGHAN