Спорт
Министерството за спорт на Франција предупреди: Фудбалот нема да преживее
Француското Министерство за спорт предупреди дека „преживувањето“ на фудбалот во Франција е под закана по новиот насилен инцидент во француската елтитна Лига 1 во неделата.
Мечот Лион-Марсеј беше прекинат по само неколку минути игра, откако фудбалерот на Марсеј, Димитри Паје беше удрен со шише со вода од навивачите на Лион. Паје исто така беше удрен со шише на дербито со Ница во август, во меч кој беше прекинат и одигран два месеца подоцна.
Ленс исто така добија казна откако нивните навивачи влетаа на теренот на мечот со Лил, предизвикувајќи прекин од 45 минути, додека Марсеј добија казна од еден меч без публика откако во октомври нивните навивачи дивееја на дербито со ПСЖ.
Министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин и министерката за спорт Роксана Марасинеану ќе се сретнат со претставниците на Лига 1, но пораката која ја пратија е јасна.
„Дојдовме до заклучок дека овој проблем лигата мора да го реши. Сите треба да сфатат дека зборуваме за опстанокот на францускиот фудбал. Вакво нешто е неприфатливо“, вели Мариснеану.
Француската легенда Тјери Анри, кој го коментираше мечот, побара претстапниците да добијат доживотна суспензија за влез на стадионите.
Француските навивачи надвор од контрола – Паје погоден со шише, прекин на Лион-Марсеј
Луда атмосфера на „Велодром“ – Нејмар изведува корнер под полициска заштита
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Шешко во 96-та минута спречи пораз на Јунајтед
Словенецот Бенјамин Шешко, во 96-та минута, спречи пораз на Манчестер Јунајтед, на гостувањето кај ест Хем. ЈУнајтед го искористи киксот на Челси и се искачи на четвртата позиција на табелата. Инаку ова е прво реми, по четири победи на Јунајтед, под водство на Мајкл Керик.
Херој на Вест Хем, чии фудбалери беа подобри во првото полувреме, беше Томас Сучек кој го постигна водечкиот гол во 50-тата минута по асистенција од Џарод Бовен. Но, во последните моменти од натпреварот, Шешко ги постави конечните 1:1.
Како што е познато, невозможно е да не се спомене, навивачот на Јунајтед кој чека 18 месеци на шишање, ќе мора уште да чека за да добие нова фризура, бидејќи тимот не успеја да ја забележи петтата победа во низа.
Спорт
(Видео) Лидс освои бод кај Челзи, Њукасл победи кај Тотенхем
Фудбалерите на Борнмут и Њукасл остварија триумфи во натпреварите од 26-то коло од Премиер лигата, додека Челзи испушти предност од два гола и ремизираше против Лидс.
Фудбалерите на Лидс Јунајтед, на „Стенфорд Бриџ“ надоместија негатива од два гола и на крајот освоија бод голем „како куќа“.
Лидс јунајтед ја потврдија одличната форма со само два порази во последните 13 натпревари во Премиер лигата.
Челзи поведе во 24-та минута преку Жоао Педро,тоа беше неговиот шести гол во последните 30 дена.
Во продолжението, домашните ја дуплираа својата предност, Палмер постигна гол од пенал.
Сепак, Лидс не се предаде. Лукас Нмеча го намали резултатот од пенал, а потоа во 73-тата минута му асистираше на Ноа Окафор, кој ја искористи лошата реакција на одбраната на домашниот тим и го постави конечниот резултат 2:2.
Челзи имаше шанса за победа до крајот, но Палмер не успеа да постигне гол.
Бортнмут со головите на Рајан и Адли победи кај Евертон 2:1, а со истиот резултат Њукасл, во Лондон го совлада Тотенхем. Чау и Ремзи во 88-та минута погодија за Њукасл, стрелец за Тотенхем во 64-та минута беше Греј. Тптенхем нема победа во Премиер лигата на последните осум натпревари.
Foto/ EPA
Спорт
Арне Слот: Ова е најтешката сезона во мојата кариера
Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, изјави дека тековната сезона е најтешката во неговата тренерска кариера и дека би бил незадоволен ако тимот не обезбеди место во Лигата на шампионите.
„Фер е да се каже дека ова е најтешката сезона што сум ја имал, досега. Сите други сезони беа претежно позитивни, не мислам дека некогаш сум изгубил два натпревари по ред. Ова е исклучок за мене оваа сезона, како и за играчите, бидејќи не се навикнати да губат многу или да имаат многу нерешени резултати. Ни јас не сум навикнат на тоа“, рече Слот.
Актуелните англиски шампиони се на шестото место со 39 бода, пет бода помалку од четвртопласираниот Манчестер Јунајтед, кој е на последното место што води директно во Лигата на шампионите.
Во среда, Ливерпул гостува кај тимот на Сандерленд, во натпреварот од 26-то коло од Премиер лигата, а во претходната рунда беа поразени дома од Манчестер Сити (1:2).
Foto/ depositphotos.

