Црна хроника
Убиецот на специјалецот Марковски е последниот ликвидиран вчера кај Радуша
Откриен е идентитетот на последниот од групата која беше пресретната на патот кон Радуша и ликвидирана од страна на специјалните полициски сили
Станува збор за Харун Алиу, кој во отсуство беше осуден на доживотен затвор за убиството на специјалецот Зоран Марковски, што се случи кај бензинската пумпа во Автокоманда. Меѓу убиените е и Шабан Зенуни, чие име се совпаѓа со еден од обвинетите за случајот „Мавровски работници“. Во групата ликвидирани се наоѓал и косовскиот државјанин Џафер Шаља од Приштина, кој што се барал со меѓународна потерница и во Македонија бил осуден на девет години затвор. Зa него се претпоставува дека му бил помошник на Лирим Јакупи Нацист. Последниот загинат е Кемал Фејзула од селото Грчец
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ги претепале играчите од гостинскиот клуб: уапсени две лица од Кумановско
Вчера во 18:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода О.Д.(32) и Е.А.(18), двајцата од Куманово, играчи на фудбалскиот клуб „Беса“ од с.Слупчане, општина Липково.
Тие на фудбалски натпревар во с.Слупчане физички нападнале играчи од гостинскиот клуб ФК „Аеродром“ од Скопје.
СВР Куманово презема мерки за откривање на сите инволвирани и за целосно расчистување на случајот, по што против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Црна хроника
Нападнати баба и внука во Чаир
Вчера во 12:30 часот во СВР Скопје, А.Ф.(72) од Скопје пријавила дека на 25.10.2025 околу 17:00 часот во домот на подрачјето на Чаир, таа и нејзината внука А.Ф.(18) биле физички нападнати од Ј.И., Е.О.И., С.И. и С.И..
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со оружје го нападнале и опљачкале кај наплатната рампа „Миладиновци“
Вчера во 06:20 часот во СВР Скопје, Б.Н.(26) од Кичево пријави дека на автопатот „Пријателство“, во близина на наплатна рампа „Миладиновци“, општина Петровец, додека бил паркиран во патничко возило, пет машки лица застанале со друго патничко возило и со закана со огнено оружје му одзеле пари и други предмети.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

