Црна хроника
Убиениот Алиу бил осуден на доживотен затвор

На денешната шресд конференција во МВР беа офиијално откриени идентите на убиените од шерцерксата гропа кај скопското село Радуша, ги потврди вчерашните инфорамции на Форум, дека станува збор за лица кои имаат дебели поициски досиеја
Харун Алиу (39) од скопската населба Сингелиќ, еден од лицата кои загинаа во престрелката кај Радуша бил водач на шверцерската група. Откако МВР доби потврда за идентитетот на тројцата македонски државјани кои загинаа во престрелката, денеска ги презентираше нивните криминални досиеја. За четвртиот од загинатите се уште чекаат потврда од косовските власти. Ако се потврди неговиот идентитет од личните документи, тогаш тројца од четворицата загинати се барале со меѓународна потерница.Алиу, во отсуство беше осуден на доживотен затвор за убиството на специјалецот Зоран Марковски, што се случи кај бензинската пумпа во Автокоманда, во јануари 2008 година. МВР го бара со меѓународна потерница издадена од декември 2008 година. Судот го осуди на доживотна казна затвор за убиство на свиреп начин и злосторничко здружување.Шабан Зенуни (36) од тетовското село Мерово е еден од обвинетите во хашкиот случај „Мавровски работници“. Од септември 2008 година се бара со меѓународна потерница.Во групата ликвидирани се наоѓал и косовскиот државјанин Џафер Шаља (31) од Приштина, кој што се барал со меѓународна потерница и во Македонија бил осуден на девет години затвор. Шаља, за чиј идентитет се уште нема потврда, бил во групата на Лирим Јакупи Нацист во 2004-та која го контролираше Кондово. Подоцна во стан во Тетово заедно со Нацист беше опколен од полицијата но успеа да избега по престрелката. За двете дела е осуден на 9 години затвор во отсуство. Последниот загинат е Кемал Фејзула од селото Грчец.Од МВР не потврдуваат никакви понатамошни активности во врска со вчерашната акција, иако утрово беше забележителна поголема активност на полициски хеликоптери. Не соопштуваат ни дали има приведени, иако неофицијално се дознава дека има двајца приведени за престрелката кај Радуша.„МВР продолжува да работи на случајот интензивно, се преземаат сите неопходни мерки за утврдување на евентуална инволвираност и на други лица кои што соработувале со групата, така што во оној момент доколку се утврди идентитет и на други инволвирани и доколку бидат обезбедени соодветни докази, навремено ќе биде информирана јавноста“ вели портпаролот на МВР, Иво Котевски. Тој не потврдува поврзаност на двата инциденти во Радуша и Блаце, но и не исклучува таква поврзаност.„Засега нема индиции за поврзаност на оваа група со оружјето кое беше складирано и групата која што го обезбедуваше кај Блаце, но како што кажав се уште се работи на расчистување на сите детали околу случајот така што во моментов не можеме да потврдиме некаква поврзаност, но исто така не можеме ни да исклучиме некаква поврзаност“ додаде Котевски. Полициските сили, ноќта меѓу вторникот и средата, се судрија со шверцерска криминална група во реонот на селата Радуша, Рашче и Свиларе, која нелегално сакала да пренесе оружје во Македонија. Во моментот кога полицајците го запреле комбето на шверцерите, тие отвориле оган кон полицијата, при што било возвратено. Во престрелката загинаа четворицата членови на шверцерската банда. Во комбето беше пронајдено оружје, меѓу кое имаше и старо од југословенско потекло, но и современо. На 29 минатиот месец полицијата се судри со 12 члена криминална група, која чуваше неколку бункери со оружје кај Блаце. Тогаш имаше само еден повреден од групата, која успеа да пребега на Косово
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Претставувајќи се како божји човек кој крши магии, скопјанец дошол до 400.000 евра од сопружници, барале помош за синот

Педесетчетиригодишен маж од селото Трубарево, скопско, е приведен поради сомнеж за измама, со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 400.000 евра.
Според пријава поднесена во полицијата во Штип, од страна на Б.Д. (76) од Берово, во периодот од 2022 до 2025 година осомничениот Д.И. (54) со лажно прикажување на факти го довел во заблуда пријавителот и неговата сопруга М.Д. Притоа се претставувал како „Божји човек“ со наводни паранормални способности – бајач и истерувач на магии, тврдејќи дека над нивниот син е направена магија која го загрозува неговото здравје и живот.

Фото: МВР
Во тој контекст, оштетените во повеќе наврати на различни локации во Скопје и Берово му давале парични средства од 5.000 до 6.000 евра за помош, при што во вкупниот период пријавениот се стекнал со 400.000 евра.
По пријавата, полициски службеници од СВР Штип, во соработка со ОВР Берово, Одделот за криминалистичка полиција и СВР Скопје, а по насоки на јавен обвинител од ОЈО Кочани, спроведоа оперативни активности. Парите што оштетениот имал намера да му ги даде на осомничениот биле претходно крим-технички обработени.

Фото: МВР
На 4 јули во Берово биле приведени Д.И. и неговата мајка Д.И. (76). При претрес кај нив биле пронајдени 3.000 евра, како и други предмети поврзани со делото. По спроведените активности, против двете лица е поднесена кривична пријава и се изведени пред судија за претходна постапка во Основниот суд во Кочани.

Фото: МВР

Фото: МВР

Фото: МВР

Фото: МВР
Топ
Куќен притвор за возачот што го усмрти Југослав на кеј, претходно бил осудуван за насилство и непочитување на ковид мерки

Судот му определи куќен притвор на 25-годишниот скопјанец кој со мотор без дозвола го усмрти Југослав Николовски (68) на пешачка патека на кејот на Вардар кај Паркот на франкофонијата. Обвинителството утрово соопшти дека вложило жалба на одлуката за куќен притвор.
По информацијата дека двапати претходно бил осудуван, од Обвинителството информираа дека дека кај нив е евидентиран со предуда за насилство како малолетник, а потоа и уште една за здравствени прописи во време на Ковид кризата.
Несреќата се случи на 1 јули, кога осомничениот управувајќи мотоцикл „кавасаки“ без дозвола, удри во пешакот Николовски. Според информацијата од Обвинителството, тој возел преку површина наменета за движење на пешаци и не се придржувал кон прописите. Кога дошол во близина на зградата, не ја прилагодил брзината на движење на моторот. Покрај тоа, управувал без да поседува возачка дозвола и на недозволено место, па со левиот страничен дел од мотоциклот удрил во телото на пешакот Југослав Николовски, кој се движел по пешачката патека. При ударот, оштетениот останал да лежи повреден на патеката, а возачот и неговиот сопатник паднале на коловозот.
Пешакот се здобил со тешки телесни повреди поради кои следното утро починал, а полесно повреден бил и сопатникот на моторот. Наместо да укаже помош, осомничениот го оставил мотоциклот и другите двајца повредени и пеш го напуштил местото, соопшти обвинителството.
Обвинителството бараше притвор поради фактот дека осомничениот веднаш по настанот избегал од местото на несреќата и извесен период бил недостапен за органите на прогонот, што за јавниот обвинител е потврда за опасноста тој повторно да се даде во бегство. Дополнителна причина за барањето за притвор е и тоа што претходно бил осудуван.
Топ
17-годишник загина во сообраќајка во Кичево – возел мотор и се судрил со „ауди“

Несреќа со смртни последици се случи вчера во Кичево, пришто животот го загуби 17-годишно момче од овој град, кое управувало мотоцикл „хамачи“.
Околу пладне, на пресекот на улиците Борис Кидриќ и Мирко Милески, тој се судрил со „ауди“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од А.Е.(22) од кичевското село Стрелци, соопшти полицијата.
Малолетното момче со тешки повреди не успеало да стигне до клиниката „Мајка Тереза“ во Скопје, пришто за време на транспортот им подлегнало на повредите, а доктор од Итната медицинска помош, констатирал смрт.
Извршен е увид, а врз телото ќе биде извршена обдукција.