Црна хроника
Бездомничка повредена во пожар во куќа во Чаир

Жена бездомник е тешко повредена во пожар што се случил во вторникот вечерта во помошна просторија од куќа, каде жената често престојувала, соопшти МВР.
Пожарот избувнал во помошна просторија од куќа на улица „Максуд Садик“ во скопската населба Чаир.
Во пожарот изгорела само помошната просторија, а огнот и нанел изгореници на дваесет и седумгодишната Адела, која се засолнувала во просторијата која изгоре.
Поради сериозноста на повредите жената е пренесена во Градската општа болница на понатамошно лекување.
Причините поради кои избувнал пожарот не се познати и се утврдуват./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсени Србинки и Украинки во ноќен клуб во Гостивар

Во ноќен клуб во Гостивар полицијата уапси четири странски државјанки поради злоупотреба на туристичкиот престој.
Според информациите на МВР, ноќеска во периодот од 01.05 до 02.10 часот полициски службеници од ОВР Гостивар извршиле акциска контрола во ноќен клуб на улица „Илинденска“ во Гостивар, сопственост на Ј.А.(49) од Гостивар.
При тоа биле затекнати 15 женски лица, од кои 11 македонски државјанки и четири странски државјанки, на возраст од 31 до 42 години, од Србија и Украина.
Странските државјанки биле приведени и задржани во полициска станица за понатамошна постапка поради злоупотреба на туристичкиот престој и против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
Црна хроника
Приведен возач од струшко, „летал“ со 176 км на час каде дозволената брзина е 80 км на час

Вчера во 08.45 часот полициски службеници го привеле М.Т.(58) од с.Горни Татеши, струшко, поради пречекорување на дозволената брзина со патничко возило „ауди“ со швајцарски национални ознаки на магистрален пат Гостивар – Тетово, кај клучка Камењане.
При контрола на патниот сообраќај било констатирано дека тој го управувал возилото со 176 километри на час на место каде со знак брзината е ограничена на 80 киломентри на час.
Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Црна хроника
Кривична пријава за криумчарење пиротехника – запленети и цигари и фалсификувана стока

Кривична пријава е поднесена за македонски државјанин кој се обидел да криумчари пиротехнички средства за огномети – експлозивна материја чија употреба подлежи на дозволи и е строго регулирана.
Случајот е откриен на влез во државата на граничен премин Табановце при извршен претрес на возило со германски регистарски таблички коешто го управувало лицето. При преглед на стоката сместена во багажниот простор, во црна голема торба на дното, помеѓу алишта, е пронајдена непријавена кутија со пиротехнички материјал, во која се наоѓаат три системи со 195 патрони за огномет со вкупна маса од 450 грама експлозив.
Случајот е предаден на Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги, од каде што е поднесена кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство против сторителот, за сторено кривично дело – неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.
Царински службеници и инспектори од Службата за мобилни скенери, спречија низа обиди за шверц на граничниот премин Табановце. При акциите запленети се значителна количина облека, долна облека, патики, автоделови, материјал за текстилна индустрија, како и клима уреди.
Мобилни царински тимови спречија обиди за нелегален изнес на девизи и стока со ознаки на заштитени трговски марки.
Запленети се 10 илјади евра, како и 325 детски комплети, ѕидни часовници, 6 огледала и 16 маси:
– На граничен премин Табановце, при личен претрес на македонски државјанин кој патувал со автобус откриени се 12 илјади евра. Лицето се обидело нелегално да ги изнесе девизите, при што му се вратени две илјади евра, а преостанатите 10 илјади евра се привремено задржани, согласно законските прописи.
– 325 детски комплети со ознаки на заштитени трговски марки, се запленети поради сомневање за сторено дело повреда на права од интелектуална сопственост. Случајот е откриен при контрола на товарно возило натоварено со стока од Турција наменета за фирма од Косово, пријавено за излез од државата на граничниот премин Блаце.
– При контрола на камион со контејнер натоварен со стока од Кина, на влез во државата на граничниот премин Богородица, откриени се 25 ѕидни часовници, 6 огледала и 16 маси со ознаки на заштитени трговски марки. Производите се запленети поради сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост.
Царински службеници на граничниот премин Богородица запленија 36 штеки цигари, откриени при контрола на автобус што сообраќал на релација Истанбул – Скопје. Стоката била скриена фабричка празнина под подот, пред задните седишта на автобус со турски регистарски ознаки, управуван од државјанин на Турција.