Контакт

Спорт

Победа на Далас во Лос Анџелес, нови порази на Денвер и Ла Лејкерс

Објавено пред

Далас со Лука Дончиќ успеа да ги победи ЛА Клиперс, а ЛА Лејкерс и Денвер Нагетс, без Леброн Џејмс и Никола Јокиќ, запишаа нови порази во НБА-лигата.

dobivaj vesti na viber

Далас Маверкс ја прекинаа серијата од три порази. Во продолжението Маверикс славеше во Лос Анџелес со 112:104. Дончиќ се врати по повредата и заедно со Кристапс Прозингис го предводеше тимот.

Словенецот забележа 26 поени и по девет скока и асистенции, Летонецот постигна 30 поени.

Кај Клиперс се истакнаа Џарен Џексон со 31 и Пол Џорџ со 26 поени.

 

Денвер во Портланд загуби со 100:119. Нагетс е во серија од пет порази, три од нив забележаа без Јокиќ. Покрај поразот, Мајк Мелоун се соочи со повреда на уште еден играч, во текот на првото полувреме коленото го повреди Пи-Џеј Доужер.

Си-Џеј Мекалум постигна 32, а Демијен Лилард 23 поени за Портланд. Џеф Грин со 24 и Монтеј Морис со 16 поени се истакната кај Денвер.

ЛА Лејкерс, без суспендираниот Леброн Џејмс и болниот Ентони Дејвис, падна во „Медисон сквер гарден“ во Њујорк. Никс славеа победа 106:100.

Лејкерси успеаја да се вратат во мечот кога губеше со разлика од 25 поени, но на крајот немаа сили за целосен пресврт.

Еван Фурније беше најефикасен со 26 поени, а Џулиус Рендл против поранешниот тим забележа 20 поени, 16 скока и пет асистенции. На спротивната страна Расел Вестбрук забележа трип-дабл (31 поен, 13 скока, 10 асистенции), а потфрли ексиграчот на Њујорк, Кармело Ентони, кој погоди само три од 14 обиди од игра.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Антонио Блекни во САД е обвинет за местење натпревари

Објавено пред

Кошаркарот на Хапоел Тел Авив, Антонио Блекни, се најде во центарот на голем скандал, американското обвинителство го гони за учество во широка шема за местење натпревари во НЦАА и кинеската лига, за што наводно зарботил 200.000 долари.

dobivaj vesti na viber

Антонио Блекни е меѓу 20-те обвинети во голем скандал со местење кошаркарски натпревари кој, според обвинителите од Филаделфија, траел од септември 2022 до февруари 2025 година и вклучувал натпревари на НЦАА и Кинеската кошаркарска асоцијација (ЦБА).

Според обвинението, Блекни, додека играл за Џангсу Драгонс во Кина, се согласил намерно да потфрли на одредени натпревари за неговите соработници да можат да остварат профит од спортско обложување во САД.

Наводно, тој добил вкупно 200.000 долари за улогата.

Обвинителството тврди дека бил вклучен во шемата од Марвес Ферли и Шејн Хенен, кои потоа инвестирале големи суми пари во однапред договорени исходи.

Во еден натпревар во март 2023 година, Блекни постигна само 11 поени, што е далеку под неговиот просек во сезоната од над 32, додека неговиот тим бил поразен со дури 31 поен – сценарио што им донесе големи профити на обложувалниците.

Исто така, се тврди дека Блекни се обидел да ги вклучи своите соиграчи во местењето, и дека по „успехот“ во Кина, групата се свртела и кон натпреварите од НЦАА, со цел да ги спречи тимовите да ги покриваат хендикепите од обложувањето.

Блекни, поранешен НБА играч и еден од најдобрите стрелци во ЦБА, игра за Хапоел Тел Авив две сезони. Сезонава во Евролигата има просек од 13,8 поени и 2,4 скока по натпревар.

Истрагата е во тек, а случајот веќе е етикетиран како еден од најголемите скандали во модерната историја на кошарката.

Прикажи повеќе...

Спорт

Арбелоа ќе му ја исполни желбата на Валверде

Објавено пред

Алваро Арбелоа не се прослави на своето деби на клупата на Реал Мадрид. Великанот беше елиминиран од Албасете во осминафиналето на Купот, но младиот тренер се чини дека е подготвен да му понуди на тимот нешто ново додека ја извршува функцијата привремен тренер.

dobivaj vesti na viber

Арбелоа, според „Марка“, сака да ги смири страстите во соблекувалната и ќе го послуша она што го бара Федерико Валверде.

Имено, Уругваецот јасно кажал дека не сака да игра како десен бек, туку да дејствува исклучиво како играч од средниот ред, позиција на која игра во клубот и репрезентацијата.

Валверде, истакнува „Марка“, често им се жалел на челниците на клубот затоа што Карло Анчелоти и Чаби Алонсо го принудувале да игра на позицијата десен бек, а со Арбелоа таа опција повеќе не би требало да биде релевантна.

Реал има двајца докажани десни бекови: Дани Карвахал и Трент Александер-Арнолд, но проблемот е што тие често се надвор од теренот поради повреди.

„Кога не се подготвени или кога никој од нив не може да игра, Арбелоа ќе бара десен бек во младиот тим на Реал“, тврди „Марка“.

Foto/ depositphotos

Прикажи повеќе...

Спорт

Шарлот ги прегази Лејкерси

Објавено пред

Публиката во „Крипто Арена“ во Лос Анџелес, сведочеше на уште едно разочарување, откако нивните Лејкерси загубија од Шарлот Хорнетс со 117:135 (39:30, 16:34, 38:40, 24:31).

dobivaj vesti na viber

Ова е четврти пораз на Лејкерси во последните пет натпревари, три од нив се на домашен терен.

Падот на домашниот тим се случи во втората четвртина, која Хорнетс ја добија со 34:16, а таа предност ја зголемија во последната четвртина.

39-те поени на 27-годишниот ас Лука Дончиќ не им помогнаа на Лејкерси. Словенецот доби поддршка само од ветеранот Леброн Џејмс со 29 поени, девет скока и шест асистенции.

Хорнетс до победата ги предводеа Ламело Бол со 30 поени (девет тројки) со шест скока и 11 асистенции, Брендон Милер постигна 26, а Мајлс Бриџис поен помалку со осум скока и четири асистенции.

Резултати:

Детроит – Феникс 108:105
/Робинсон 19 – Ален 33/

Хјустон – Оклахома 91:112
/Дјурант 19 – Гилџис-Александер 20/

Мајами – Бостон 114:119
/Пауел 26 – Симонс 39/

Сан Антонио – Милвоки 119:101
/Вембањама 22 – Адетокумбо 21/

Далас – Јута 144:122
/Томпсон 26 – Сенсабах 27/

Голден Стејт – Њујорк 126:113
/Батлер 32 – Ануноби 25/

Портланд – Атланта 117:101
/Шарп 24 – Оконгву 26/

Прикажи повеќе...

Најново

Европа2 часа

(Фото) Макрон се појави пред војниците со црвено и отечено око

Емануел Макрон се појави со црвено око за време на неговото годишно обраќање пред француските војници. Тој се пошегува, користејќи...

Свет2 часа

Саудиска Арабија, Катар, Турција и Оман испратија предупредување до Трамп

Саудиска Арабија, Катар, Турција и Оман го повикаа американскиот претседател Доналд Трамп да не започнува воздушни напади врз Иран, стравувајќи...

Свет3 часа

(Видео) Кенеди за исхраната на Трамп: Не знам како е сè уште жив, јаде навистина лоша храна

Американскиот секретар за здравство и човечки услуги, Роберт Ф. Кенеди Џуниор, се осврна на навиките за јадење на Доналд Трамп,...

Свет3 часа

Венецуела најавува „нова политика“ и отворање на нафтените полиња за странски инвеститори

Привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, во четвртокот претстави законодавна иницијатива насочена кон зајакнување на нафтената индустрија. Реформите ќе овозможат...

Свет3 часа

Нови израелски напади врз Газа: убиени членови на Хамас и Исламски џихад

Воен офицер на Хамас, полицаец од палестинското движење и милитант на Исламски џихад се меѓу најмалку десет лица убиени во...

Свет15 часа

Путин: Светот станува поопасен, ситуацијата на меѓународната сцена се влошува

Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека меѓународната ситуација се влошила и дека светот станува поопасен, но не ја спомена...

Македонија18 часа

Претреси на повеќе локации поради сомнежи за даночна измама од поголеми размери

Од попладнево, под раководство на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК),...

Македонија19 часа

Поддршка за новиот закон, пасивното пушење е докажана причина за сериозни болести, велат од Институтот за медицина на трудот

Институтот за медицина на трудот на РСМ, СЗО Колаборативен центар, како водечка јавно-здравствена установа во оваа област, изразува целосна и...

Македонија21 час

ИЈЗ: Нема потреба од продолжување на зимскиот распуст, грипот на ниво на средна активност

Во втората недела од 2026 година, состојбата со грипот во земјава се наоѓа на ниво на средна активност, со зголемен...

Македонија21 час

Муцунски: Одлуката на САД не значи крај за туристичките визи и „Ворк енд травел“ програмата

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, појасни што значи одлуката на САД за стопирање на процесот на издавање на визи....

Топ22 часа

Двомесечно бебе почина во болницата во Кавадарци, телото е предадено на обдукција

Синоќа во ОВР Кавадарци е пријавено дека околу 21:35 часот на детското одделение во Општа болница Кавадарци починало бебе на...

Македонија22 часа

„За почиста Македонија“ со петиција до Владата: казни и за фрлање отпад од автомобилите преку „Сејф сити“

Организацијата „За почиста Македонија“ собра 1.000 потписи за петицијата со која се бара системот за сообраќајни прекршоци „Сејф сити“ да...

Македонија23 часа

Фирма фатена на дело – нелегално вршела поштенски услуги и криумчарела пратки, Царинската управа поднесе кривична пријава против две лица

Царински инспектори од Одделението за истраги, во координирана акција со МВР, УЈП, Агенцијата за пошти и Државниот пазарен инспекторат, извршија...

Свет1 ден

Израел и Иран постигнаа таен договор преку Русија

Во услови на високи тензии, Израел и Иран тајно разменија пораки, со посредство на Русија, уверувајќи се едни со други...

Свет1 ден

Иранско судство: Демонстрантот Ерфан Солтани не е осуден на смрт

Иранското судство ги негираше извештаите дека демонстрантот Ерфан Солтани е осуден на смрт, објавија иранските државни медиуми. Солтани претходно беше...

Свет1 ден

Егзекуцијата на иранскиот демонстрант Ерфан Солтани е одложена, велат семејството и групата за човекови права

Егзекуцијата на иранскиот демонстрант Ерфан Солтани не е извршена вчера, потврдија член на семејството и Хенгав, група за човекови права...

Свет1 ден

Неколку земји издадоа предупредувања до своите граѓани веднаш да го напуштат Иран

Неколку земји издадоа предупредувања до своите граѓани да избегнуваат патувања во Иран или веднаш да ја напуштат земјата поради задушувањето...

Свет1 ден

Трамп: Зеленски е главната пречка за постигнување договор

Американскиот претседател Доналд Трамп во средата изјави дека лидерот на иранската опозиција Реза Пахлави „изгледа многу пристојно“, но изрази неизвесност...

Македонија2 дена

Грипот ја однесе првата жртва: почина 75-годишна жена

Вирусот на грипот ја однесе првата жртва оваа зима. Седумдесет и петгодишна жена починала пред три дена на Клиниката за...

Свет2 дена

И Македонија на листата на земји во кои САД ја запираат обработката на имигрантски визи, според „Фокс Њуз“

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја запира обработката на имигрантски визи за апликанти од 75 земји, соопшти во средата...