Црна хроника
Автомобил излета од патот кај Свети Николе – двајца загинати и еден повреден

Две лица загинаа кога автомобил излета од патот кај Свети Николе. Во несреќата има тешко повредено уште едно лице.
Како што соопшти полицијата, утрово, околу 2.45 часот, во ОВР Свети Николе било пријавено дека на крстосница од локалниот пат за с. Горобинци, Светиниколско, патничко возило „ауди“, управувано од В. С. (37) од Свети Николе, излетало од патот.
Во несреќата возачот и сопатничката С. А. (21) од Свети Николе добиле повреди и починале на самото место. Сопатникот Д. Ј. (28) добил тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Јавната здравствена установа во Свети Николе.
Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и екипа на ОВР Свети Николе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Кривична против полицаец за кражба на струја

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до надлежното Основно јавно обвинителство Куманово против С.Ш., вработен во Полициското одделение Матејче при СВР Куманово поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“ по член 235-а став 1 од КЗ. Имено, во временски период од 01.03.2024 година до 09.01.2025 година С.Ш. со намера за себе да прибави противправна имотна корист, без согласност од Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје-КЕЦ Куманово во електричното броило кое се води на А.М. од село Липково, извршил премостување на трите фази со кабли пред електричното броило директно во електричните проводници кои водат кон угостителски објект, без притоа електричната енергија да биде регистрирана од страна на електричното броило и неовластено ја користел за своите потреби, со што на Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје и причинил материјална штета од 398.847 денари.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против полицискиот службеник С.Ш. поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина и изрече задолжителни мерки да му се одземе службеното оружје и муниција.
Црна хроника
Кривична против тетовец: ја истепал поранешната девојка, па барал да ја повлече пријавата против него

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 66-годишниот Д.К. од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ и „демнење“.
На 18.12.2024 пријавениот физички ја нападнал поранешната девојка и потоа постојано телефонски и се јавувал и барал да ја повлече пријавата што ја поднела против него, а на социјални мрежи објавувал нејзини фотографии.
Црна хроника
Кривична против осуденик: во неговата соба во Затворот Струмица пронајдена марихуана

СВР Струмица поднесе кривична пријава против 25-годишниот Џ.А. од селото Нова Маала, струмичко, осуденик во Казнено поправната установа Затвор Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
На 27.11.2024 затворската полиција извршила претрес во соба на осуденикот, при што била пронајдена и одземена марихуана.