Македонија
Димитров ќе учествува на денешната конференција посветена на „Отворен Балкан“

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, денеска ќе биде говорник на политичкиот панел во рамките на конференцијата „Отворен Балкан – Пат кон стабилизација, соработка и просперитет на регионот“ по покана на организаторите – Народното собрание на Република Србија, Српско-американскиот конгрес за пријателство и Источнозападниот мост, соопштија од неговиот кабинет.
Како што велат од кабинетот на Димитров, на панелот ќе се афирмира политичкото значење на оваа иницијатива за регионот и од аспект на европската интеграција, а ќе се обратат и премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, и премиерот на Албанија, Еди Рама, како и специјалниот претставник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, и специјалниот пратеник на ЕУ, Мирослав Лајчак.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Маџирмаало 11, општина Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Дел од Зелениково денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од село Зелениково, општина Зелениково.
Македонија
Денеска сончево и топло, за викендот пониски температури

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 36 степени.
Времето во наредните денови
Во петок и сабота во западните и северните делови ќе има услови за повремен локален дожд и појава на ретки грмежи. Во петок ќе дува засилен повремено силен ветер од западен и југозападен правец. За време на викендот ветерот ќе го смени правецот во северен со умерен, долж Повардарието повремено засилен интензитет, а температурите ќе бидат во опаѓање.