Македонија
19 починати и 434 новозаболени со Ковид-19
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.026 тестирања, а регистрирани се 434 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 195, Битола – 41, Прилеп – 26, Кавадарци – 20, Куманово – 17, Охрид и Берово – по 12, Тетово и Велес – по 11, Штип – 9, Кочани – 8, Свети Николе, Крива Паланка, Делчево и Демир Хисар – по 7, Гевгелија – 6, Струмица, Ресен и Валандово – по 5, Радовиш и Виница – по 4, Кратово и Македонска Каменица – по 3, Неготино – 2, Кичево, Дебар, Пробиштип, Богданци, Крушево, Македонски Брод и Демир Капија – по 1.
Регистриран e 421 оздравен пациент од: Скопје – 200, Битола – 33, Куманово – 22, Делчево – 21, Кавадарци и Велес – по 19, Охрид – 14, Прилеп – 13, Штип и Кочани – по 10, Берово и Гевгелија – по 9, Пробиштип – 6, Радовиш и Неготино – по 5, Тетово и Крива Паланка – по 4, Виница и Кичево – по 3, Свети Николе, Демир Хисар и Ресен – по 2, Кратово, Македонска Каменица, Богданци, Демир Капија, Пехчево и Дојран – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица: 4 починати лица од Скопје (46 г,65 г, 79 г и 79 г), 2 починати лица од Битола (83 г и 84 г) и по едно починато лице од Велес (73 г), Кавадарци (72 г), Кочани (67 г), Делчево (70 г), Крушево (69 г) и Радовиш(76 г). Од пријавените 10 лица се починати во болнички услови, а две лица се починати во домашни услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој термин, се пријавени 7 починати лица со датум на смрт од 15.10.2021 до 20.11.2021. Регистрирани се починати лица од Скопје (2), Тетово (1), Гостивар (1), Велес (1), Крива Паланка (1) и Делчево (1). Починатите лица се на возраст од 50-88 г, 6 лица се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.
Направени се 3.026 тестови преку: ИЈЗ-315, ЦЈЗ Скопје-57, ЦЈЗ Битола-76, ЦЈЗ Прилеп-36, ЦЈЗ Тетово–7, ЦЈЗ Куманово-44, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-19, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–161, Жан Митрев (Филип Втори)-81, Авицена-137, Биотек-170, Систина-72, лабораторија Лаор-97, Синлаб-13, Ремедика-11, Плодност–48, Генеа-2, Никоб лаб-325, ВФВ Медикал-40, Ели Медика-39, Ројал Медика–7, Спектра-ММ-14, Рапид Лаб–10, Жан Митрев Струмица–2, Нова Лаб Дијагностика–0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.243.
Досега во земјата се направени вкупно 1.461.757 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 214.213, бројот на оздравени пациенти е 198.419, на починати е 7.511, а бројот на активни случаи изнесува 8.283.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 93640, Активни 3833
Куманово 12829, Активни 268
Тетово 11293, Активни 144
Прилеп 10115, Активни 434
Битола 8531, Активни 681
Гостивар 8059, Активни 34
Велес 7252, Активни 348
Кавадарци 6880, Активни 301
Штип 6543, Активни 201
Охрид 6406, Активни 271
Струмица 6067, Активни 160
Кичево 4217, Активни 85
Кочани 3961, Активни 201
Струга 3893, Активни 60
Гевгелија 2775, Активни 144
Неготино 2547, Активни 73
Свети Николе 2104, Активни 80
Крива Паланка 1866, Активни 133
Ресен 1721, Активни 105
Радовиш 1709, Активни 70
Дебар 1455, Активни 1
Берово 1413, Активни 98
Делчево 1360, Активни 127
Виница 1144, Активни 39
Пробиштип 1108, Активни 31
Валандово 924, Активни 57
Кратово 756, Активни 59
Богданци 639, Активни 37
Демир Хисар 603, Активни 88
Крушево 577, Активни 24
Македонски Брод 489, Активни 9
Демир Капија 422, Активни 7
Македонска Каменица 408, Активни 66
Пехчево 347, Активни 13
Дојран 160, Активни 1
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Да не се потпаѓа на шпекулации, Македонија продолжува со дијалог, велат од Транспорт за проблемот со превозниците
Министерството за транспорт апелира да не се потпаѓа на шпекулации и секаков вид непроверени информации кои може да наштетат на дијалогот, а особено не на шпекулации од соседните држави. Секоја држава одлучува за себе, Македонија продолжува со дијалог за трајно решение, соопштија од Министерството по најавата на балканските превозници за нови блокади на границите.
„Во врска со престојот на превозниците во Шенген зоната би сакале да информираме дека во координација со Европската Комосија се работи на трајно решение. Ресорните министерства изминатиот период се во интензивна комуникација со ЕК со цел да се изнајде трајно решение. Министерството за транпсорт е во постојана комуникација со превозниците, како и со Европската комисија со цел изнаоѓање решение во рамки на новата визна стратегија која ја промовираше Европската Унија каде што се отвора можноста возачите да бидат третирани како професионалци како и можностите за друг вид визи“, соопштија од Министерството.
Од таму потенцираат дека е најавено одложување на примената на ЕЕС системот и дека активно сите чинители работат на решавање на овој проблем.
„Дијалогот со Европската Комисија е активен и сите можности се разгледуваат од страна на техничка работна група составена од сите ресорни министерства и претставници на Европската Комисија. Во следниот период разговорите продолжуваат со засилена динамика со цел наоѓање трајно решение кое е прифатливо за сите страни“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
Законот за пушење следната недела пред Владата – фазната имплементација не значи одложување, појаснува Министерството за здравство
Министерството за здравство соопшти дека останува целосно посветено на донесување и имплементација на Законот за заштита од пушење, согласно законските рокови.
Во моментот, како што велат од Министерството, се финализира анализата на пристигнатите коментари од јавната расправа на ЕНЕР, како и ставовите доставени од засегнатите страни, институциите и бизнис заедницата, по што следната недела финалната верзија ќе биде доставена до Владата.
„Потенцираме дека овие усогласувања не ја менуваат суштината на законот. Целите остануваат јасни и непроменети: спречување на започнување со пушење кај младите и создавање генерации без никотинска зависност, заштита на работниците и граѓаните од пасивно пушење во затворени јавни и работни простории.
Во однос на наводите за „фазна имплементација“, појаснуваме дека тоа не значи одложување на неговата имплементација по усвојувањето во Собранието. Законот ќе стапи на сила по неговото донесување согласно законските рокови. Фазноста се однесува на начинот на примена во почетниот период, при што првата фаза ќе биде со засилен надзор, информирање и опомени. Целта е институциите, угостителите, и граѓаните да се адаптираат, да добијат јасни упатства и поддршка, а културата на почитување на правилата да се изгради одржливо на долг рок“, велат од Министерството.
Се додава дека остануваат отворени за комуникација и навремено информирање на јавноста за секој следен чекор од процесот.
Македонија
Герасимовски: Го чуваме редот и јавниот простор во Центар, 86 казни за непрописно паркирање за три дена
Комуналните инспектори и комуналните редари на општина Центар претходната недела изрекоа вкупно 86 казни за непрописно паркирање на јавни и зелени површини, од кои досега 24 се платени.
Контролите се фокусирани на подрачјата на Дебар Маало и Градски ѕид, каде најчесто се евидентираат вакви прекршоци. Засилените контроли ќе продолжат и во наредниот период, известуваат од општина Центар.

На секое непрописно паркирано возило се остава известување за сторен прекршок, а казната изнесува 50 евра, согласно Законот за комунални дејности и Одлуката за комунален ред на Општина Центар. Доколку прекршочниот платен налог се подигне и се плати во рок од осум дена, сторителот има можност да плати половина од износот на изречената казна.
„Редот мора да се почитува, а безбедноста на пешаците и заштитата на јавниот простор се наши приоритети. Апелирам до сите граѓани да ги почитуваат законите и прописите за сообраќај и комунален ред, за да имаме уредна, безбедна и хумана средина за сите,“ рече градоначалникот Горан Герасимовски.
Општина Центар ги повикува граѓаните да ги почитуваат законите и прописите за сообраќај и комунален ред, со цел заштита на пешаците и јавниот простор.

