Македонија
Ахмети – Ќучук: Датум за преговори што е можно поскоро, подготвени за компромис
Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети денес го пречека бугарскиот европратеник Илхан Ќучук.
Европратеникот Ќучук му изрази сочувство на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, во врска со трагичната несреќа во Бугарија, притоа потенцирајќи дека властите во Софија во соработка со оние во Скопје се ангажирани за целосно расчистување на случајот.
Ахмети изрази благодарност за брзата и многу ефикасна реакција на бугарските власти.
Спорот со Бугарија и решавањето на овој спор меѓу двете земји беше дел од разговорот меѓу Ахмети и Ќучук, со посебен акцент постигнувањето на договор што е можно поскоро и надминувањето на овој спор бидејќи патот на Република Северна Македонија кон Европската Унијата е од особена важност, исто како и решавањето на прашањата за кои се разговараше во дијалогот без никакво одлагање со претседателот Радев и со новата влада во Софија.
Во овој случај, лидерот на ДУИ изрази честитки за одржаните избори во Бугарија и изборниот резултат, надевајќи се на што поскоро формирање на институциите.
Целиот процес треба да се затвори без одложувања бидејќи ако не се затвори сега, спорот меѓу двете земји ќе се одолговлекува со години и ќе го блокира евроинтегративниот процес на Република Северна Македонија, а од друга страна во голема мера би влијаел на безбедноста на земјата, регионот, но истотака и повеќе да се работи за повисок и подобар животен стандард на граѓаните, изјавија на средбата претседателот Ахмети и бугарскиот европратеник.
Двајцата соговорници разговараа и за можноста за одредување датум за првата Меѓувладина конференција во наредните месеци и за почеток на преговорите за членство на почетокот на 2022 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот
180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени и крај на понижувањата, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
„Народот не поддржува политика на понижување на Македонија. Граѓаните јасно кажаа дека се против криминалот на СДС и ДУИ. 7 години Македонија тоне на секое поле. На почеток на секоја учебна година немаше учебници за учениците, за болните немаше лекарства, за земјоделците немаше откуп. Народот не се чувствуваше безбеден, криминалот царуваше по улиците“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што истакнуваат, народот не сака да живее повеќе во несигурност.
„Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот. Победата во вториот круг ќе биде уште поголема, а СДС и Пендаровски, заедно со нивните газди од ДУИ никогаш повеќе нема да бидат во позиција да го понижуваат народот. Македонија повторно твоја“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци
Во Центарот за управување со кризи, имало вкупно 1 694 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112.
Од нив „реални“ повици биле 49,82 отсто, а 50,18 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 69,92 отсто и кон итната медицинска помош 28,91 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.
Во последното деноноќие немало евидентирани пожари на отворено.
Од ЦУК потсетуваат дека коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци во последното деноноќие.
Екипите ги отстранувале одроните на патот и нема прекин на сообраќајот.
Сервисни информации
Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено
Времето денеска со претежно ведро и наместа постудено утро. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 21 степен.
Во сабота попладне ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Потоа следува период на стабилно и топло време.