Црна хроника
Тешка кражба во Гостивар – украдени 28 илјади евра од „Еуро Табак“

Две маскирани и вооружени лица утрово околу 8:45 часот украле околу 1.700.000 денари или околу 28.000 евра во подружниците на Еуро Табак во гостиварската населба Малеарди, соопштуваат од СВР Тетово
Разбојниците се втурнале во објектот и го нападнале раководителот на подружницата и уште еден дваесет и осумгодишник, вработен во подружницата.Ги собориле двајцата вработени на подот и почнале да ги удираат по главите и телото, со тврд предмет. Ги украле парите и избегале. Едниот од вработените со повреди на главата е згрижен во гостиварската болница. Полицијата го расветлува случајот.Ова е втор грабеж во оваа подружница за две години. И минатиот пат беше украдена голема сума пари, околу 10.000 евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.