Европа
Австрија го потпиша договорот со Русија пркосејќи ѝ на ЕУ
– Согласни за Јужен тек: Владимир Путин и Хајнц Фишер
Австрија во вторникот даде конечна согласност за контроверзниот, од аспект на Европската унија, руски гасовод Јужен тек, пркосејќи им на европските функционери и топло дочекувајќи го рускиот претседател Владимир Путин во земјата којашто е долгогодишен купувач на рускиот природен гас, коментира Reuters.
Австрија во вторникот даде конечна согласност за контроверзниот, од аспект на Европската унија, руски гасовод Јужен тек, пркосејќи им на европските функционери и топло дочекувајќи го рускиот претседател Владимир Путин во земјата којашто е долгогодишен купувач на рускиот природен гас, коментира Reuters.
Челниците на руски „Газпром“ и на австриски OMV го потпишаа во Виена договорот за изградбата на делницата од гасоводот Јужен тек до Авсгрија, и покрај противењето на Европската унија на овој проект. Рускиот претседател Владимир Путин по тој повод допатува во еднодневна работна посета на Виена, што е само неговото втора посета во границите на Европската унија откако во март црноморскиот полуостров Крим на референдум си ја поврати автономијата и се присоедини на Руската Федерација, што западот го смета за руско анектирање на украинска територија, На средбите на Путин со австриските челници беше зборувано за блиските односи меѓу Русија и Австрија, првата членка на Европската унија којашто го потпиша договорот за Јужен тек, а првиот договор за испорака на руски гас го има склучено уште во 1968 година. Путин притоа ја нарече Австрија „важен и веродостоен“ партнер на Русија којашто по САД и Швајцарија е третиот најголемн австриски трговски партнер надвор од ЕУ.Австрискиот претседател Хајнц Фишер, исто така, ја бранеше одлуката за изградба и оправданоста на гасоводот Јужен тек. „Никој не може да ми објасни, ниту јас можам да му објаснам на австрискиот народ, зошто гасоводот кој минува ни членките на ЕУ и НАТО не може во должина од 50 километри да влезе и во Австрија“, рече шефот на австриската држава.Според Фишер, споменатиот проект е сосема соодветен и корисен, а истовремено Путин истакна дека тој има стратешко знаење за одржливото снабдување на Европа со енергетски ресурси.Фишер, исто така, истакна дека се противи на санкциите што западот го воведува против Москва, но сепак на Путин му порача дека со присоединувањето на Крим го прекршува меѓународното право. Атмосферата сепак стана поопуштена која челникот на австриската стопанска комора потсети дека делови од Украина во 1914 година ѝ припаѓал на Австрија. „Што тоа би требало да значи? Што предлагате?“, се пошегува Путин предизвикувајќи смеа кај бизнисмените. Јужен тек претставува глобален инфраструктурен проект на рускиот енергетски гигант „Газпром“ со капацитет од 63 милијарди кубни преку акваториумот на Црното Море во земјите од Јужна и Централна Европа со цел да се прошират правците за транзитот на рускиот природен гас и да се исклучат транзитните ризици, особено во Украина. Кон крајот на 2015 година, според планот, треба да бидат испорачани првите количества гас преку Јужен тек, а работата на гасоводот со целосен капаците е предвидена за во 2018 година. Според потпишаниот договор во Виена, рускиот природен гас во Австрија би требало да пристигнува на почетокот од 2017 година.Меѓутоа, проектот е предмет на голема конфронтација меѓу Русија и Европската унија, поради наводното кршење на европските прописи, но особено во контекстот на кризата во Украина./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Германски министер: Дроновите во Белгија се порака да не се допираат замрзнатите руски средства
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денес посочи врска помеѓу неодамнешните инциденти со беспилотни летала во Белгија и дебатата за користењето на замрзнатите руски средства што ги поседува белгиската финансиска институција „Еуроклеар“ за финансирање на огромен заем за Украина.
Појавата на беспилотни летала над аеродромите и воените бази стана чест проблем во Белгија во последните денови и предизвика големи нарушувања низ цела Европа во последните месеци. Некои официјални лица рекоа дека инцидентите низ Европа претставуваат „хибридна војна“ на Русија. Москва негираше каква било поврзаност со инцидентите.
„Да, сите го гледаме тоа. И Белгијците исто така. Оваа мерка има за цел ширење несигурност и заплашување на Белгија: Не се осмелувајте да ги допирате замрзнатите средства. Ова не може да се толкува на друг начин“, им рече Писториус на новинарите на прес-конференција во Берлин.
Белгиското Министерство за одбрана одби да коментира неговите изјави, но рече дека „оваа можност веќе е покрената во Белгија“. Белгискиот премиер Барт де Вевер рече дека на неговата земја ѝ се потребни конкретни и цврсти гаранции пред да спроведе план за користење на замрзнатите руски средства за да ѝ помогне на Украина во борбата против руската инвазија.
Ставот на Белгија е клучен бидејќи белгиската финансиска институција Евроклер држи замрзнати руски средства. Белгискиот аеродром во Лиеж ги продолжи летовите откако привремено го прекина сообраќајот во понеделник поради забележан дрон, втор ваков инцидент оваа недела.
Дроновите забележани над аеродромите во главниот град Брисел и источниот град Лиеж пренасочија бројни летови и приземјија некои авиони што требаше да полетаат пред три дена. Белгиската влада вчера свика итен состанок на клучните министри и шефови на безбедносни служби за да разговараат за она што министерот за одбрана го опиша како координиран напад.
фото: принтскрин
Европа
Данска ќе ги забрани социјалните мрежи за децата под 15 години
Данска ќе ја забрани употребата на социјалните медиуми од страна на деца под 15 години, соопшти денес данската влада, но родителите ќе можат да дадат согласност за пристап до одредени платформи за деца на возраст од 13 години и повеќе.
Овој потег доаѓа откако премиерката Мете Фредериксен во говорот пред парламентот во октомври повика на ограничувања за користењето на социјалните медиуми од страна на децата поради загриженост за менталното здравје на младите. „Таканаречените социјални медиуми сè повеќе им го крадат времето, детството и благосостојбата на нашите деца, и ние сега ставаме крај на тоа“, изјави министерката за дигитализација Каролин Стејџ Олсен.
Повеќето партии во парламентот изјавија дека ќе го поддржат планот пред официјалното гласање. Snapchat, YouTube, Instagram и TikTok се најпопуларните платформи на социјалните медиуми за деца во Данска, соопшти владата.
Според анализата од февруари на Данскиот орган за конкуренција и потрошувачи, младите луѓе во нордиската земја поминуваат просечно 2 часа и 40 минути дневно на социјалните медиуми. Данска ја следи Австралија, која минатата година ги забрани социјалните медиуми за деца под 16 години.
фото: принтскрин
Европа
Зеленски: На Украина ѝ е потребна меѓународна помош за заштита на енергетската инфраструктура
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на Украина ѝ е потребна меѓународна помош за да ја заштити својата енергетска инфраструктура од руски напади.
Зеленски во видео порака рече дека системите за воздушна одбрана и заштитата на енергетската инфраструктура се „највисоки приоритети со оглед на руските напади“.
„Всушност, нашите добавувачи на енергија, тимови за поправка и силите за цивилна одбрана се зафатени со обновување на областите по нападите секој ден“, рече Зеленски, апелирајќи за помош од меѓународната заедница.
Четврта зима од војната
Додека војната влегува во својата четврта зима, руската војска повторно систематски ги гранатира електраните и трафостаниците за да го прекине снабдувањето со електрична енергија, греење и вода на украинското население.
Укренерго соопшти дека во четврток повторно се планирани фазни прекини на електричната енергија низ целата земја за да се стабилизира мрежата.
фото: принтскрин

