Црна хроника
Комбе удри во метална ограда, тешко повреден возачот

Педесет и осумгодишен маж е тешко повреден откако со комбе удрил во метална заштитна ограда на патот Битола – Ресен, пред местото викано Ротинска крстосница.
„На 30.11.2021 во СВР Битола било пријавено дека на патот А-3 Битола-Ресен, пред место викано Ротинска крстосница, товарно возило ‘мерцедес спринтер’, со охридски регистарски ознаки, управувано од Б.Т.(58) од с.Загорчани, Струшко, удрило во метална заштитна ограда.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничка болница Битола. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола“, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.