Свет
Америка со нови правила за влез на странските патници

Поради ширењето на варијантата омикрон, Америка со заострени мерки за странските патници кои доаѓаат во Соединетите Држави, без разлика дали биле вакцинирани или не.
Во соопштението на Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) вчера се потврди дека се работи на воведување правило сите патници кои пристигнуваат во САД да бидат тестирани за Ковид-19 ден пред да се качат во авионот, пренесува АП.
„Работиме на модификација на нашиот сегашен протокол за тестирање. Ревидираната верзија ќе го скрати времето потребно за тестирање за сите патници во меѓународниот воздушен сообраќај на еден ден пред поаѓањето во Соединетите Држави” – објави ЦНЦ.
Прецизните протоколи за тестирање сè уште се финализираат пред говорот на претседателот Џозеф Бајден за контрола на пандемијата во текот на зимскиот период најавен за утре, изјави висок претставник на американската администрација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Фицо ги блокира новите санкции против Русија: „Тие се имбецилни“

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави дека неговата влада побарала одложување на гласањето за 18. пакет санкции на Европската унија против Русија, тврдејќи дека досегашниот предлог на Европската комисија е несоодветен за интересите на Словачка.
Фицо на „Фејбук“ објави писмо од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и посочи дека останатите политички лидери во земјата го отфрлиле. Во писмото се наведува дека Комисијата подготвила „амбициозен и сеопфатен план за соработка со Словачка“ и дека е подготвена да ги адресира специфичните предизвици на земјата.
Фицо повтори дека се спротивставува на планот за забрана на увоз на руски гас од 2028 година, кој го нарече „имбецилен“, и порача дека е подготвен на преговори, но дека за Словачка најдобро решение е изземање сè до истекот на постоечкиот договор во 2034 година.
Иако предлогот за гас не е директен дел од пакетот санкции, Фицо изјави дека ги поврзува двете теми за да ја зајакне преговарачката позиција на Словачка, имајќи предвид дека за санкциите е потребна едногласна поддршка од сите земји членки.
Свет
(Видео) Њујорк под вода, патници во подземната железница останаа заробени

Силен дожд предизвика хаос во сообраќајот во Њујорк и околината, оставајќи патници од подземната железница заробени во вагоните додека водата навираше на пероните.
На снимка од станицата 28th Street се гледа како патници со неверување гледаат додека надојдена вода навлегува во станицата, се слева по скалите и се шири по платформата.
🚨 IMAGINE BEING TRAPPED ON A SUBWAY… THEN WATCHING THE STATION START TO FLOOD
28th Street, NYC, water pouring in from every angle, turning the platform into a swamp.
This isn’t a leak. It’s a full-on flood.
How long until the system collapses completely? pic.twitter.com/N0BlO3rSWE
— HustleBitch (@HustleBitch_) July 15, 2025
Во други возови, патниците морале да се искачуваат на седиштата за да ја избегнат водата што навлегувала во вагоните.
Torrential downpour in the New York area is now resulting in extensive flooding in the NYC Subway system. Wild video. pic.twitter.com/vTNTcKAEpo
— Charlie Kirk (@charliekirk11) July 15, 2025
Во соседниот Њу Џерси, гувернерот Фил Марфи прогласи вонредна состојба откако поројните поплави потопија автомобили и затворија бројни патишта.
Локалните власти предупредија на опасност од продолжени врнежи и нови поплавни бранови, додека службите за итни интервенции дејствуваа низ погодените подрачја.
Свет
Трамп до Москва: Имате 50 дена; Лавров: Што точно мислите?

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва сака точно да знае што мисли американскиот претседател Доналд Трамп со својата изјава дека Украина и Русија имаат 50 дена да постигнат договор.
„Секако дека би сакале да разбереме што стои зад оваа изјава за 50 дена. Пред тоа, веќе беа поставени рокови од 24 часа и 100 дена – сето тоа го видовме. Навистина сме заинтересирани за мотивацијата на американскиот претседател“, рече Лавров на прес-конференција по состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Шангајската организација за соработка во кинескиот град Тјенџин.
Лавров повтори дека Вашингтон претходно поставил рокови во контекст на војната во Украина, но дека, според Русија, зад нив не стои конкретна стратегија. Неговите коментари доаѓаат еден ден откако Трамп го засили дипломатскиот притисок со објавувањето дека, доколку не се постигне договор, ќе бидат воведени нови царини врз Русија и дека „висококвалитетно оружје“ ќе биде испратено во Украина преку НАТО.
Москва сè уште официјално не одговорила на заканата со царини, но Лавров посочи дека Русија се обидува да процени колку сериозно администрацијата на Трамп има намера да ги спроведе најавените мерки.