Спорт
Роналдо: Англиските клубови беа прескапи, затоа го купив Валјадолид

Легендарниот бразилски напаѓач Роналдо открива дека размислувал да купи клуб од МЛС-лигата или од англискиот Чемпионшип пред да се реши да инвестира во шпанскиот Валјадолид поради превисоките цени.
Двократниот светски шампион беше малцински сопственик во клубот Форт Лодердејл страјкерс во НАСЛ-американската лига пред клубот да се распушти во 2016 година. Тој сакал да инвестира во САД, каде што неговиот поранешен соиграч од Реал Мадрид, Дејвид Бекам, е газда на Интер Мајами, но вели дека цените не биле прифатливи.
„Бев во Њујорк на разговор со претседателот на МЛС и тој ми ја рече: ‘Можеш да освоиш сѐ, но ако немаш 70 милиони евра за франшизата, не правиш ништо’. Затоа ја отфрлив таа понуда. Потоа заминав во Лондон за да студирам спортски менаџмент и спортски маркетинг. Разгледував многу клубови од англискиот Чемпионшип, но сите клубови беа прескапи. Премиерлигата е огромен успех на глобално ниво, но и Чемпионшипот, така што беа потребни најмалку 60 милиони фунти за проект. Затоа размислив за Шпанија и Португалија, каде што цените беа поприфатливи“, вели Роналдо.
Тој продожлил со потрагата за клуб и по Светското првенство во 2018, купи 51 отсто од Реал Валјадолид, каде што сега е претседател на клубот.
„Слушнав дека има опција за Вајладолид, преговарав само една недела и платив 30 милиони евра“, вели 45-годишниот Роналдо.
Валјадолид е на петтото место во Втората шпанска лига со 10 поени заостанување зад Алмерија, но само 4 од местото што автоматски значи враќање во Ла Лига.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Можат ли да се помират со поразот?

Фудбалерите на Олимпик Марсеј вербално се судрија во соблекувалната по вчерашниот пораз од Рен (1:0) во 1. коло од Лига 1. Ветувачко лето, доаѓање на нови засилувања кои се доста гласни и преоден рок кој е повеќе или помалку по вкус на Роберт де Зерби. А потоа, со уште еден играч повеќе, губење на судиското продолжение на „Роасон Парк“ против Рен во првиот натпревар од Лига 1.
Нешто што никогаш не го очекуваа во Марсеј. Тоа доведе до тепачка во соблекувалната. Жешки глави кои решија да кажат што имаат без филтрирање. Тоа беа Адриен Рабио и Џонатан Роу.
Де Зерби, кој ги критикуваше играчите, исто така не седеше со скрстени раце, туку ги остави да се расправаат, вели „RMC“. Наводно, сакал да ги разјасни работите, да каже кој што мисли и да дојде до вистината. Роу беше критикуван дека не се трудел доволно, што не го мислел иако презел дел од вината.
Спорт
Езе преферира трансфер во Тотенхем

Еберечи Езе, најдобриот играч на Кристал Палас, до крајот на преодниот рок ќе го напушти клубот.
Офанзивниот фудбалер од редот за врска, според англиските медиуми, веќе се договорил со Тотенхем.
Езе изразил желба да го напушти клубот и не се очекува да биде во составот за натпреварот против Челзи во недела. Палас е свесен за ситуацијата и веќе на пазарот бара замена за Езе.
Англичаните пишуваат дека во наредните денови може да има сериозен конфликт помеѓу играчот и клубот доколку Палас не го договори трансферот.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Алкарас го престигна Федерер, следна мета му е Ѓоковиќ

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го престигна Роџер Федерер по процент на победи на Мастерс турнирите.
Алкараз го победи Рубљов во четвртфиналето во петокот и се пласираше во ново полуфинале на турнирите од Мастерс серијата.
Ова беше неговата 82-ра победа во кариерата на Мастерс турнирите, има скор од 82-23, односно победил на 78,1% од мечевите.
Тој го престигна Федерер, кој моментално беше трет на листата на сите времиња (од 1990 година, минимум 10 одиграни натпревари). Швајцарецот ја заврши кариерата со 77,9 проценти.
Пред Алакрас се уште рекордерот Рафаел Надал, кој има 82%, и Новак Ѓоковиќ, кој е веднаш зад него со 81,5%.
Алкараз во ноќта помеѓу сабота и недела, кога ќе игра против Саша Зверев во полуфиналето на Мастерсот во Синсинати.
Фото/ Принтскрин