Црна хроника
Измамник од тетка си барал пари за лекување на родителите, па ги потрошил во казино
Полицијата поднесе кривична пријава против 41-годишен велешанец со иницијали А. Д. поради сомнение за сторено кривично дело измама.
Како што информираат од МВР, на 10 септември годинава, пријавениот, на тетка си телефонски ѝ кажал дека неговите родители имале сообраќајна несреќа, во која била повредена сестра ѝ и дека од болницата им побарале пари за нејзино лекување.
Таа му дала 450 евра, а кога се јавил и повторно побарал пари за лекување на неговите родители, таа се посомневала и отишла во болницата во Тетово да ги провери наводите.
Кога ѝ било потврдено дека нема пациенти со такви лични податоци, случајот го пријавила во полиција.
Набргу потоа измамникот бил пронајден и приведен, а во службен разговор со полициски службеници изјавил дека парите ги потрошил во казино.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

