Македонија
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ со враќањето на Ставрески докажа дека не се поместени ниту милиметар од режимската матрица

ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски не бележи никакви промени. Во Белиот дворец е присутна истата режимска матрица на Никола Груевски. Вистински доказ за тоа е и враќањето на висока партиска функција на кумот на Груевски и поранешен министер за финансии Зоран Ставрески, соопшти СДСМ.
„ Истиот тој Ставрески во 2012 на црниот понеделник даде налог на собраниското обезбедување насилно да ги исфрли новинарите, а потоа и пратениците од собраниската сала.
Тој ист Ставрески како министер за финансии ја презадолжи државата за да се финансира проектот Скопје 2014, тој е истиот Ставрески кој беше десна рака на Никола Груевски во спроведување деструктивни економски политики.
Целата јавност имаше можност да слушне како Ставрески вели „Трошиме за чоколадо, а немаме ни за леб“, а денес, тој Ставрески ќе ја контролира работата и ќе им дава наредби на градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ“ се вели во соопштението на партијата.
Оттаму додаваат дека тоа значело дека градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ наместо да работат за граѓаните и исклучиво во нивен интерес, ќе работат за Ставрески и неговиот личен интерес.
„ Се појасно станува брзањето на Мицкоски да ја преземе власта. Под притисок на белагецот од Будимпешта во Белиот дворец се прават планови за негово враќање. По негова насока се враќаат неговите најблиски соработници на партиски позиции.
На нашата земја не е и потребно враќање во минатото, на Република Северна Македонија потребна и е интеграција со светските демократски текови“ порачаа од владејачката партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја делови од Кисела Вода и Карпош

Без струја денеска ќе бидат делови од општините Кисела Вода и Карпош, информира Центарот за управување со кризи.
„Од ЕВН Македонија АД известуваат дека на ден 06.08.2025 година ( среда ) без електрична енергија ќе останат:
· од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Таки Хрисик, ул. Тони Богдановски, ул. Борис Трајковски крак 7 и ул. Андреј Богдановски. (Општина Кисела Вода)
· од 09.00 до 12.30 часот, дел од корисниците од ул. Франце Прешерен. (Општина Карпош)“, информира ЦУК.
Македонија
Сончево време, попладне со локален пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне, претежно во северните делови ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 33 степени.
Следува период на стабилно и топло време со пораст на дневната температура.
Македонија
На Богородица и Табановце се чека по 10-тина минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, нa ГП Богородица и ГП Табановце времето на чекање е 10-ина минути, на останатите граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.