Македонија
(Видео) Арсовски: ФИТР испумпува пари и ги доделува на луѓе блиски до СДСМ
Додека молчат од СДСМ и Фондот за иновации за одредени скандалозни таканаречени иновации кои што тие самите си ги нарекуваат иновации, односно поддржани проекти што ги поддржуваат со парите на граѓаните, истите тие граѓани чии пари ги трошат тонат секојдневно во сиромаштија, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, на прес-конференција.
„ Додека СДСМ и Фондот поддржуваат проекти од типот – рецепта за пица пинса романа во вредност од 2.4 милиони денари или проекти за некакви иновации на најблиските луѓе на Зоран Заев од Струмица, инаку тоа е проект поддржан од човек познат како Миле Милановиќ и најголем промотор на Зоран Заев, и дел од раководството претходно на СДСМ на Струмица, најголем дел од граѓаните на крајот од месецот остануваат без пари.
Еве денес сакаме да јавно да прашаме, дали Фондот за иновации дал пари за проект, односно дал 2.7 милиони денари на поранешниот директор на Фондот за здравство и телеком од СДСМ, Рубинчо Заревски? Овој човек беше директор во времето на СДСМ и во владата на Владо Бучковски.
Фондот за иновации работи полошо од било кога ги троши парите недомаќински, полошо од било кога и од било која институција на СДСМ.
Најголем дел од проектите кои се поддржуваат, се проекти кои се залудно потрошени пари од страна на овој Фондот за иновации, пари на граѓаните“ изјави Арсовски.
Тој додаде дека граѓаните сами гледаат и воочуваат дека парите завршуваат кај блиски луѓе до СДСМ, а не кај вистинските иноватори кои што не можат да се здобијат со било каков проект.
„ Се плаќаат во милионски суми рецепти за пица, никој не знае каква е успешноста на проектите и никој не води никаква ревизија како се потрошени парите и каде завршуваат. Но, ревизија ќе има за секој еден проект откако ќе се смени власта.
Начинот на испумпување пари од Фондот за иновации кој го осмисли СДСМ мора да еднаш за секогаш да прекине. Коста Петров мора да сфати дека не располага со негови домашни пари, туку со парите на граѓаните, тоа се државни пари и за тоа следи одговорност доколку лошо постапува.
Времето на делење пари по пријатели, познаници и партиски поддржувачи на СДСМ мора да заврши и конечно да се гледа вистинскиот квалитет“ порача Арсовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

