Црна хроника
Кумановец го претепал шефот бидејќи му дал отказ

Еден Кумановец откако разбрал дека е избркан од работа се нафрлил врз шефот, при што првин го удирал со боксови, после му го удирал возилото, а на крајот повредил со шрафцигер еден колега, кој се обидел да го спаси шефот.
Како што соопшти во вторникот кумановската полиција, А.М.(48) од Куманово пред неколку дена во терминалот на „Агро Куманово“,изреволтиран бидејќи Д.С.(52) од Куманово го избркал од работа, физички го нападнал удирајќи го со тупаници во пределот на главата и телото, а потоа влегол во неговото возило и со голема брзина удрил во предниот дел од ПМВ „џип гранд чироки“, сопственост на Д.С. По ова, пријавениот зел штрафцигер и се обидел да го повреди Д.С., но во намерата бил спречен од вработениот Т.И. од Романовце, при што пријавениот со штрафцигерот му нанел видлива повреда на Т.И. во пределот на левата рака, а потоа влегол во неговото возило и повторно удрил во возилото на Д.С. и си заминал. Истражен судија на пријавениот му одреди мерка куќен притвор во траење од 30 дена, а против истиот е поднесена кривична пријава за „насилство“. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Штитеници во установа за згрижување деца имале сексуален однос пред 12-годишно дете

Вчера во 16:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во август 2025 година во соба во установа за згрижување на деца, 16-годишен штитеник и 15-годишна штитеничка на установата имале сексуален односи.
Според информациите од МВР, тие имале односи пред 12-годишен штитеник на установата, по што 16-годишникот му се заканил на 12-годишникот да не кажува никому.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Ограбен автомобил на паркинг во Центар

Синоќа во 00:32 часот во СВР Скопје е пријавено дека е ограбен автомобил на паркинг простор на подрачјето на Центар во Скопје.
Според информациите на МВР, од патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, одземена е актовка со пари, документи, печати и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото: илустрација
Црна хроника
Инцидент во Карпош: Му ги дупнала гумите на возилото на партнерот, а потоа и физички го нападнала

Маж од тетовско пријавил во полиција дека неговата партнерка му ги дупнала гумите на возилото, а потоа и физички го нападнала.
Доцна синоќа, во 03:20 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од тетовско пријави дека претходно околу 19:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, неговата партнерка со нејзиното возило удрила во неговото возило, а потоа со остар предмет му ги оштетила гумите на возилото и физички го нападнала.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.