Свет
Путин се надева дека СЗО набргу ќе ја одобри вакцината „спутник В“
Рускиот претседател. Владимир Путин. изрази надеж дека Светската здравствена организација (СЗО) набргу ќе ја одобри вакцината против коронавирусот „спутник В“.
Тој додава дека овој потег е суштински за зголемување на глобалните акции.
Во разговор со претседателот на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина, Франческо Роко, Путин рече дека е неопходно одобрение од СЗО за Русија да им помогне на другите земји, меѓу другото, и за бесплатно испорачување на вакцината.
„Ние имаме намера да ја прошириме таквата помош“, рече Путин.
Одобрувањето на СЗО би било знак за меѓународна доверба во вакцината по ригорозниот процес на тестирање и би можел да го отвори патот за вклучување на вакцината во програмата „Ковакс“, при што агенцијата на ОН и клучните партнери испраќаат вакцини против Ковид-19 во десетици земји во целиот свет.
Рускиот лидер исто така рече дека одобрението на СЗО ќе им овозможи на Русите и на другите што ја примиле вакцината слободно да патуваат, а ги има речиси 200 милиони во светот.
Путин, кој постојано повторуваше дека вакцинацијата треба да остане доброволна и покрај зголемувањето на бројот на инфекции во Русија, денеска нагласи дека властите користат „убедување, а не притисок“ и се борат против предрасудите и митовите што предизвикуваат аверзија кон вакцинацијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

