Свет
Федералниот суд ја блокира наредбата на Бајден за задолжителна вакцинација на здравствените работници
Федералниот суд во Мисури ја блокира одлуката на администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден за задолжителна вакцинација на здравствените работници, која требаше да почне следната недела.
Претходно, само 10 држави се приклучија во спротивставувањето на одлуката на претседателот да бара од сите здравствени работници во болниците и домовите за стари лица да ја примат првата доза од вакцината на 6 декември и целосно да се вакцинираат до 4 јануари.
„Нема сомнеж дека задолжителната вакцинација за 10,3 милиони здравствени работници е нешто што Конгресот треба да го направи, а не владина агенција“, напиша судијата Доути од Окружниот суд на САД за округот Западна Луизијана. Тој додаде: „Не е јасно, дури ни чинот на Конгресот што наредува вакцинација, дали би бил уставен“.
?BREAKING NEWS?
In a major win for our #HealthcareHeroes, a federal court has halted the Biden Administration’s attempt to force COVID-19 vaccines on healthcare workers. #lagov #lalege
View more at https://t.co/hz98Lk35dT pic.twitter.com/RDVGSdC4OG
— AG Jeff Landry (@AGJeffLandry) November 30, 2021
Судијата, номиниран од поранешниот претседател Доналд Трамп, додаде дека обвинителите имаат интерес да ги заштитат своите граѓани од обврската за задолжителна вакцинација и да спречат загуба на работни места и даночни приходи, што може да произлезат од таквата одлука.
Неколку градови и држави веќе воведоа задолжителна вакцинација за здравствените работници во обид да го спречат ширењето на инфекцијата, која често доаѓа од домовите за стари лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Фото) Илјадници на улиците на Будимпешта – бараат оставка од Орбан по скандалот со злоупотреба на деца
Илјадници граѓани излегоа на улиците на унгарската престолнина во саботата, барајќи оставка од премиерот Виктор Орбан поради скандалот со злоупотреба на деца во воспитно-поправен дом за малолетници во Будимпешта.
Протестот беше предводен од лидерот на опозицијата Петер Маѓар, кој со демонстрантите маршираше до канцеларијата на премиерот. Граѓаните носеа транспаренти со пораки „Заштитете ги децата“ и плишани играчки, во знак на солидарност со жртвите на насилството.

Повод за протестите е видеото објавено претходно оваа недела, кое наводно го прикажува службеникот, кој до неодамна беше вршител на должноста директор на малолетнички поправен дом во Будимпешта, како се впушта во серија насилни дела, вклучително и клоцање дете кое лежи на земја и удирање на главата на друго дете од маса.
Осомничениот поднесе оставка и е приведен, а полицијата изврши рација и приведе уште неколку лица. Истрагата е во тек.
Орбан изјави дека насилството е неприфатливо, нагласувајќи дека и малолетните деликвенти не смеат да бидат третирани на таков начин, но додаде дека станува збор за специјална институција во која се сместени лица осудени за тешки кривични дела. Овие изјави предизвикаа дополнителни критики во јавноста и обвинувања за релативизирање на случајот.
Опозицискиот лидер Маѓар ја обвини владата за неуспех да ги заштити децата во системот за социјална заштита и побара политичка одговорност. Неговата партија Тиса, според анкетите, води пред парламентарните избори закажани за април.
Скандалот дополнително го зголемува притисокот врз Орбан, само неколку месеци пред изборите, а аналитичарите оценуваат дека темата за заштита на децата и институционалната одговорност ќе биде клучна во претстојната кампања.
Свет
Сè што досега е познато за терористичкиот напад на плажата Бонди во Сиднеј
Најмалку 12 лица загинаа, а 29 беа повредени во терористички напад што се случи за време на прославата на првата ноќ на Ханука на познатата плажа Бонди во Сиднеј.
Нападот се случил околу 18:47 часот по локално време, кога најмалку две вооружени лица отвориле оган кон околу 1.000 луѓе собрани во паркот Арчер, каде што еврејската заедница организирала јавна прослава. Меѓу загинатите има 12-годишно девојче и рабин, пренесуваат медиумите.
Полицијата соопшти дека еден од осомничените бил убиен на местото на настанот, додека вториот е повреден и приведен. Не е исклучена можноста за вмешаност на трет осомничен, но истрагата е во тек.
Полицијата на сојузната држава Нов Јужен Велс воведе безбедносен кордон околу делови од плажата Бонди. Во близина на местото на нападот беше пронајдено возило со импровизирани експлозивни направи, кои подоцна беа безбедно отстранети од специјалните служби.

Австралискиот премиер Ентони Албанезе го осуди нападот, нарекувајќи го „чин на зло, антисемитизам и тероризам“.
„Ова беше целен напад врз еврејската заедница на ден што требаше да биде ден на радост и прослава. Ова е удар во срцето на нашата нација“, изјави Албанезе, кој свика итна седница на Комитетот за национална безбедност.
Премиерот на Нов Јужен Велс, Крис Минс, ја пофали храброста на граѓанин кој се соочил со еден од напаѓачите и му го одзел оружјето.
„Тој човек е вистински херој и без сомнение спаси многу животи“, рече Минс.
Нападот предизвика осуди и изрази на сочувство од бројни светски лидери. Израелскиот претседател Исак Херцог го нарече нападот „подол терористички чин“, додека британскиот премиер Кир Стармер и лидерите на повеќе европски земји изразија солидарност со Австралија и семејствата на жртвите.
Европа
Зеленски стигна во Берлин, ќе се сретне со американскиот преговарачки тим
Украинскиот претседател Володимир, Зеленски, пристигнал во Берлин, каде што во текот на денот треба да се сретне со американскиот преговарачки тим за да разговара за предлогот за постигнување мир во Украина.
– Се фокусираме на тоа како сигурно да ја гарантираме безбедноста на Украина, така што искуството со Будимпештанскиот меморандум и руската инвазија никогаш повеќе нема да се случи. Сметаме на конструктивни разговори – рече Зеленски во објава на платформата X.
Тој рече дека сè уште не добил официјален одговор од Соединетите Американски Држави на најновите предлози за мировен план.
Пред неговото пристигнување, Зеленски нагласи дека сака да ги убеди Американците да ја поддржат идејата за замрзнување на фронтовската линија во Украина во нејзината сегашна состојба пред било какви преговори со Москва.
Американската делегација ја предводат специјалниот пратеник Стив Виткоф и Џаред Кушнер, зетот на претседателот Доналд Трамп.
Извори од германската влада за „Билд“ изјавија дека разговорите со претставниците на Украина во Берлин ќе траат два дена , а дека денес ќе се одржат прелиминарни разговори со советници за надворешна политика, вклучувајќи ги и претставниците на САД и Украина.

