Црна хроника
Раководител на бензиска пумпа крадел пари од прометот

Струмичката полиција поднесе кривична пријавата против триесет итригодишниот И.К., раководител на бензинската пумпа „Лукоил Македонија“, осомничен за затајување и за злоупотреба на службената положба и овластување.
Според пријавата, тој во текот на месец јули како раководител на бензинската станица во Струмица не ги внесувал целосно парите од дневниот промет, со што за себе присвоил 2.088.999 денари (34.000 евра) од продажба на гориво и 393.400 денари (6.400 евра)од продажба на прехранбени производи, односно вкупно 2.482.399 денари. /крај/мф/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Со закана му барал 20.000 евра – тинејџер од Струга притворен поради изнуда

Охридската полиција поднесе кривична пријава против 19-годишниот Л.П. од Струга за изнуда.
Како што информира МВР, осомничениот во периодот од 4 до 12 август 2025 година преку мобилна апликација барал 20.000 евра од едно лице од Охрид, заканувајќи му се. При преземање на мерки кај него биле пронајдени обележани пари, по што бил приведен.
Одредена му е мерка притвор и е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Охрид.
Црна хроника
Охриѓанец силум качил 60-годишна жена во својот автомобил и ја однел дома

Полицијата синоќа го приведе 59-годишниот З.Ј. од Охрид.
Тој, според претходна пријава, со употреба на сила ставил 60-годишна жена од Охрид во своето возило „Југо“ со охридски регистарски ознаки и ја однел во неговиот дом.
По преземени мерки, жената била пронајдена во домот на З.Ј., кој веднаш бил лишен од слобода. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава.
Црна хроника
Автомобил управуван од млада девојка од Албанија излета од патот кај Меџитлија, повредени четири лица

Вчера на патот Битола – Граничен премин Меџитлија, патничко возило „форд“, управувано од 21-годишната А.С. од Република Албанија, излетало надвор од коловозот.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила нејзината сопатничка, Н.С.(47), додека со телесни повреди се здобиле А.С., сопатничката А.С.(44) и уште една 15-годишна малолетничка, сите од Република Албанија, констатирани во Клиничката болница Битола“, соопшти МВР.
Извршен бил увид.