Европа
Меркел бара од Турците да не ги носат судирите во Германија

Германската канцеларка Ангела Меркел побара од Турците коишто живеат во Германија да се интегрираат во германското општество и да не ги пренесуваат судирите во Германија.
Односите меѓу Берлин и Анкара, којашто е клучниот партнер на Европската унија во задржувањето на мигрантскиот бран, од средината на годинава се заострени откако германскиот парламент масакрот над Ерменците во Првата светска војна во рамките на тогашното Османлиско царство го прогласи за геноцид. Во Германија, инаку, живеат најмалку три милиона луѓе со турско потекло.
„Секогаш зборувам дека јас сум и нивна канцеларка и мислам дека е тоа важно да се зборува и добро би било доколку постои реципроцитет во вид на нивната приврзаност кон нашето општество и не носење на судирите од Турција во Германија“, изјави германската канцеларка Ангела Меркел во Интервјуто за јавниот сервис ARD емитувано во неделата вечерта.
Истакна, исто така, дека е важно „оние (Турци) коишто живеат тука со години и можеби имаат германско државјанство, да учествуваат во развојот на земјата“.
По повеќето тензични реакции, посебно во врска со критиките во германските медиуми на сметка на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, во Германија се зголемија и тензиите меѓу припадниците на турската заедница во Германија, по неуспешниот обид за воен преврат до 15-ти јули, како што тврди германскиот печат меѓу оние кои го поддржуваат Ердоган и кои одржаа масовни собири во германските градови, и оние кои се приврзаници на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен кој живее во САД, кого Анкара го обвинува за неуспешниот пуч.
Покрај тоа Анкара му забележува на Берлин, како и на другите западни сојузници, дека се повеќе заинтересирани за судбината на пучистите, отколку за одбраната на демократски избраната влада во Турција./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин