Спорт
Баерн ја депортирa Барса во Лига Европа, друштво ќе им прави и специјалистот Севилја!
Баерн Минхен станува бауч за Барселона откако германскиот гигант повторно стигна до победа, овој пат од 3:0 на домашен терен без публика, така осудувајќи го тимот на Чави Ернандез на третото место во групата Е во Лигата на шампионите и европско лето во Лига Европа, каде што друштво ќе им прави и Севилја откога таа не успеа да победи во Австрија за место во осмина-финалето.
Барселона пропушти шанса да обезбеди место во нокаут-фазата уште на претходниот меч против Бенфика одигрувајќи 0:0 дома, така што им требаше победа на „Алијанц арената“ бидејќи се очекуваше дека Бенфика нема да има проблем со Динамо Киев. И покрај оптимизмот на Чави пред мечот, не се случи чудо, туку уште еден пораз во низа од Баварците.
Томас Милер стана само осмиот фудбалер во историјата на ЛШ со 50 гола кога во 34. минута по асистенцијата на Роберт Левандовски ја смести топката во мрежата, а веќе во 43. минута беше 2:0 откако Лирој Сане постигна фантастичен гол од огромна далечина. Тинејџерот Џамал Мусијала во 62. минута зголеми на 3:0 за крајот на каква било надеж на гостите.
Бенфика на домашен терен не дозволи да им избега шансата за прво осмина-финале од 2017 година и со 2:0 го совлада Динамо Киев благодарение на головите на Роман Јаремчук (16. минута) и Жилберто Жуниор (22. минута).

На Барселона во Лига Европа ќе ѝ се приклучи и шесткратниот шампион од ова натпреварување, шпанскиот ривал Севилја, откако Салцбург и Лил во групата Г си обезбедија победи што ги носат во осмина-финалето на ЛШ. Севилја, слично како Барса, мораше да победи на гостувањето кај Салцбург, но наместо тоа, загуби со 1:0. Лил, пак, го обезбеди првото место со 3:1 победа кај Волфсбург.
За последниот, 16. учесник во осмина-финалето на ЛШ, ќе почекаме до утре бидејќи мечот Аталанта – Вилјареал во Бергамо беше одложен поради силниот снег во северна Италија. На Аталанта ѝ е доволно реми за второто место во групата, а Вилјареал мора да победи. Во вториот меч од групата Ф, кој не одлучуваше ништо, Манчестер јунајтед одигра 1:1 со Јанг бојс во меч во кој Ралф Рангник реши да им даде шанса на повеќе фудбалери од младинскиот тим на „ѓаволите“.
ЛИГА НА ШАМПИОНИТЕ, ОСМИНА-ФИНАЛЕ
Првопласирани во група: Манчестер сити (Анг), Ливерпул (Анг), Ајакс (Хол), Реал Мадрид (Шпа), Баерн Минхен (Гер), Манчестер јунајтед (Анг), Лил (Фра), Јувентус (Ита).
Второпласирани во група: Пари Сен-Жермен (Фра), Атлетико Мадрид (Шпа), Спортинг Лисабон (Пор), Интер (Ита), Бенфика (Пор), Ред бул Салцбург (Авт), Челси (Анг), Вилјареал (Шпа)/Аталанта (Ита).
ВО ЛИГА ЕВРОПА продолжуваат:
Барселона (Шпа), Севилја (Шпа), РБ Лајпциг (Гер), Порто (Пор), Борусија Дортмунд (Гер), Шериф Тираспол (Мол), Зенит Санкт Петерсбург (Рус), Аталанта (Ита)/Вилјареал (Шпа).
ЛИГА НА ШАМПИОНИТЕ, 6. КОЛО
ГРУПА Е
Баерн Минхен – Барселона 3:0
Бенфика – Динамо Киев 2:0
(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-1466-36886”));
ГРУПА Ф
Аталанта – Вилјареал одложено
Манчестер јунајтед – Јанг бојс 1:1
(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-1467-36886”));
ГРУПА Г
Ред бул Салцбург – Севилја 1:0
Волфсбург – Лил 1:3
(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-1468-36886”));
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

