Црна хроника
Се изболе со ножеви
Двете момчиња кои во вторникот беа повредени со остри предмети цо инцидент пред скопката стоковна куќа „26 Јули“, повредите ги здобиле задавјќо си удари со ножеви во меѓусебна тепачка
Двете седумнаесетгодишни момчиња кои вчера беа избодени со нож кај стоковната куќа „26 јули“ биле прободени во меѓусебна тепачка, соопштуваат од СВР Скопје. Според нивните информации, до тепачката дошло кога се судриле две групи, една од селото Бојане, другата од селото Букович.Вербалната расправија преминала во тепачка, по што седумнаесетгодишниот М.Б. од Бојане извадил нож и го прободел седумнаесетгодишниот Р.Ј. од село Буковиќ во грбот и раката. Нож извадил и осумнаесетгодишниот А.Ш. кој бил во групата на повредениот седумнаесетгодишник од Буковиќ.Со ножот го прободел М.Б. во грбот. Поради сериозноста на повредите малолетникот од Бојане бил пренесен во Ургентниот центар со тешки телесни повреди. Другиот повреден малолетник од селото Буковиќ, бил пренесен во градската болница „8-ми септември“ каде бил задржан на лекување. Полицијата направила увид на местото на тепачката и го пронашла ножот само на малолетникот од село Бојане. Против лицата кои биле инволвирани во тепачката ќе следуваат кривични пријави, но ќе се испитува и евентуална вмешаност и на другите лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Граната од Првата светска војна најдена на нива во Битолско
Вчера, во битолската полиција било пријавено дека во 9 часот во нива во селото Драгожани, Битолско, од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување била подигната артилериска граната во калибар од 105 милиметри.
Гранатата е од Првата светска војна, информираа од МВР во дневниот полициски билтен.
Топ
Mладо момче со автомобилот излета на патот кон Средно Водно, тешко повредено
Дваесет и двегодишен скопјанец со иницијали М.П., синоќа по 1 часот по полноќ, со автомобилот излетал од локалниот пат за Средно Водно.
Од МВР инфомираа дека во несреќата момчето се здобило со тешки телесни повреди, и е хоспитализирано на Комплексот клиники.
Изврешен е увид.
Црна хроника
Претрес во Куманово, пронајдена дрога
На 24.11.2024 во 17.30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода О.А.(45) од Куманово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена кафеава прашкаста материја.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.