Македонија
Осум починати лица, регистрирани 308 нови случаи на Ковид-19
Министерството за здравство информира, дека во последните 24 часа се направени 2.643 тестирања, а регистрирани се 308 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 155, Охрид – 26, Битола – 21, Струмица – 19, Куманово – 15, Штип – 10, Кавадарци – 8, Прилеп и Велес – по 7, Тетово – 6, Кичево и Богданци – по 5, Кочани, Гевгелија и Свети Николе – по 4, Неготино и Ресен – по 3, Виница – 2, Струга, Делчево, Пробиштип и Демир Хисар – по 1 лице.
Регистрирани сe 246 оздравени пациенти од: Скопје – 110, Битола – 25, Кавадарци и Прилеп – по 17, Куманово и Берово – по 11, Кочани – 10, Велес – 9, Штип – 7, Делчево – 6, Охрид – 5, Гостивар – 4, Свети Николе, Радовиш и Кратово – по 3, Гевгелија – 2, Неготино, Виница и Крушево – по 1 лице.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица: 3 починати лица од Скопје (64г, 67г и 86г) и по едно починато лице од Кавадарци (80г), Велес (92г), Штип (68г), Охрид (84г) и Струмица (66г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, дополнително е пријавено едно починато лице со датум на смрт 10.12.2021. Регистрираното починато лице е од Кавадарци (1). Починатото лице е на возраст од 86 години. Лицето е починато во болнички услови.
Направени се 2.643 тестови преку: ИЈЗ-235, ЦЈЗ Скопје-66, ЦЈЗ Битола-70, ЦЈЗ Прилеп-43, ЦЈЗ Тетово–3, ЦЈЗ Куманово-55, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–278, Жан Митрев (Филип Втори)-46, Авицена-107, Биотек-123, Систина-37, лабораторија Лаор-182, Синлаб-11, Ремедика-0, Плодност–37, Генеа-10, Никоб лаб-254, ВФВ Медикал-53, Ели Медика-55, Ројал Медика–30, Спектра-ММ-4, Рапид Лаб–8, Жан Митрев Струмица–10, Нова Лаб Дијагностика–0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 926.
Досега во земјата се направени вкупно 1.502.730 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 219.408, бројот на оздравени пациенти е 205.946, на починати е 7.732, а бројот на активни случаи изнесува 5.730.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 96072, Активни 2784
Куманово 13005, Активни 175
Тетово 11374, Активни 90
Прилеп 10463, Активни 348
Битола 8958, Активни 490
Гостивар 8081, Активни 21
Велес 7396, Активни 174
Кавадарци 7181, Активни 248
Штип 6655, Активни 104
Охрид 6602, Активни 221
Струмица 6185, Активни 124
Кичево 4255, Активни 58
Кочани 4061, Активни 103
Струга 3915, Активни 29
Гевгелија 2836, Активни 78
Неготино 2593, Активни 47
Свети Николе 2135, Активни 41
Крива Паланка 1920, Активни 70
Ресен 1776, Активни 61
Радовиш 1770, Активни 63
Берово 1470, Активни 42
Дебар 1456, Активни 0
Делчево 1440, Активни 88
Виница 1164, Активни 15
Пробиштип 1130, Активни 25
Валандово 967, Активни 42
Кратово 782, Активни 24
Богданци 657, Активни 26
Демир Хисар 624, Активни 49
Крушево 597, Активни 32
Македонски Брод 512, Активни 18
Демир Капија 426, Активни 2
Македонска Каменица 423, Активни 24
Пехчево 355, Активни 7
Дојран 172, Активни 7
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поплавени куќи во селата Буковиќ и Семениште во општина Сарај
Во тек се активности за санирање на последиците кај поплавени куќи кај селата Буковиќ и Семениште во општина Сарај.
– Екипи од Бригада за противпожарна заштита на Град Скопје и Тетово вршат испумпување на водата од поплавените објекти и расчистување на критичните точки, додека ЈП Водовод и канализација – Скопје стабилизираат и прочистуваат канализациската мрежа за да се спречат дополнителни излевања. Паралелно, Дирекција за заштита и спасување ја проценува штетата и обезбедува логистичка и техничка поддршка во тесна координација со локалните структури, информира ЦУК во објава на Фејсбук.
Оттаму наведуваат дека директорот на ЦУК, Мухамед Али, заедно со градоначалникот на Општина Сарај, Мухамед Елмази, првиот вицепремиер и министер за европски прашања, Беким Сали и министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, се на терен каде непосредно ја следат состојбата по обилните врнежи од дожд и ја координираат целокупната институционална реакција за справување со последиците од поплавите.
– Со координирано дејствување на сите институции, се преземаат интензивни мерки за најбрзо можно санирање на последиците, заштита на населението и минимизирање на материјалната штета. Надлежните служби остануваат на терен сè додека состојбата целосно не се стабилизира, велат од ЦУК.
Како што соопшти претходно ЦУК, по обилните дождови во изминатото деноноќие, поплавени се повеќе куќи на улица „Прилепска“ во Кичево, од каде евакуирани се 180 лица, како и дека во поплавена куќа во гостиварското село Балиндол биле заглавени две деца и нивната мајка. Поплавени се и објекти на болницата во Кичево, како и поплавени куќи во гостварските населби Циглана и Бањечница и подруми и дворни места во Скопско.
Македонија
Во Гостивар две деца и нивната мајка останаа заробени во домот поради поплавите
Поради непрестајните врнежи и излевањето на реките, западниот дел на Македонија се наоѓа во вонредна состојба. Во Кичево, стотици семејства беа евакуирани додека водата ја проголта улицата „Прилепска“ и зафати делови од болницата. Во Гостивар, две деца и нивната мајка останаа заробени во домот, опкружени со бучавата на дивата вода, додека спасувачките екипи брзаа да стигнат навреме. Во Тетово и Скопје, поплавените патишта и подруми создадоа хаос, а надлежните апелираат на внимателност и трпение додека траат интервенциите.
Обилните врнежи од дожд во текот на ноќта и претпладнево предизвикаа воден хаос во Западна Македонија. Најкритично беше во Кичево – градот се најде под вода затоа што Зајашка Река се прелеа од своето корито и ја проголта улицата „Прилепска“, потопувајќи домови и доведувајќи ја во опасност болницата. Сопствениците на куќите гледаа како водата се качува до прозорите, а стравувајќи за сопствените животи. Во паника, надлежните успеаја да евакуираат околу 180 луѓе, кои сега се сместени во спортската сала „Христо Узунов“. Таму, меѓу треперење и страв, се делат ќебиња, душеци, храна и вода, додека спасувачите од Скопје работеа без престан да им помогнат на најпогодените.
– Поради настанатата кризна состојба предизвикана од поплавите, Општина Кичево ги има преземено сите максимални мерки и сите расположливи капацитети се целосно ставени во функција на терен. Во насока на побрзо и поефикасно справување со состојбата, побарана е дополнителна помош од Министерството за одбрана и од Министерството за животна средина. Дополнително, ангажирани се сите приватни компании кои располагаат со тешка механизација, со цел да се вклучат во интервенциите и расчистувањето на критичните точки. Упатуваме апел за смиреност, трпение и соработка до граѓаните. Се преземаат максимални напори за да се надмине оваа кризна ситуација и да се обезбеди навремена помош и безбедност за сите засегнати – изјавија од Општина Кичево.
Во Гостивар, драмата го достигна врвот – во селото Беловиште две деца и нивната мајка останаа заробени во нивниот дом, опкружени со бучавата на дивата вода. Тие изјавија дека сè се случувало брзо, а секундата им изгледала како вечност, додека ТППЕ и ОВР Гостивар трчале да ги спасат.
Во Тетово, дождот предизвика свлечиште кое го блокира патот кон селото Ѓермо, а снежните врнежи дополнително ја усложнуваат ситуацијата за сите патници и спасувачи. Поради снежни врнежи е воведена забрана за тешки товарни возила и автобуси кон Попова Шапка. Иако водостојот на реките засега е стабилен, сообраќајот е сериозно попречен.
Ниту Скопје не е поштедено – низ приградските населби Идризово, Буковиќ, Зелениково и Радишани се пријавени поплавени дворови и подруми, а луѓето гледаа како водата ги уништува нивните поседи. Спасувачки екипи веднаш излегоа на терен да се борат со невремето и да ги санираат штетите.
Македонија
Десет возачи лишени од слобода за возење без дозвола, со забрана и под алкохол
Полициски службеници на целата територија на државата вчера лишија од слобода десет возачи, од кои осуммина поради возење без возачка дозвола, двајца поради управување со возило со активна мерка забрана за управување моторно возило од Б категорија и еден поради возење под дејство на алкохол.
Од МВР информираат дека двајца возачи се лишени од слобода во Тетово, а по еден во Куманово, Битола, Свети Николе, Штип и Кочани поради управување возило без возачка дозвола. По еден возач во Велес и Свети Николе управувале возила иако имале мерка забрана за управување моторно возило од Б категорија, додека еден возач во гевгелиско управувал возило под дејство на алкохол, се наведува во соопштението.
Додаваат дека лицата се приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесат за побезбеден сообраќај.

