Спорт
Франција најавува спектакуларно отворање на Игрите во 2024
Организаторите на Олимписките игри во Париз, најавуваат спектакуларно отворање на Игрите во 2024 година. Прв пат во историјата, отворањето нема да биде на стадион, туку во центарот на градот, на реката Сена.
Планот на Французите е свеченото дефиле да биде на околу 200 бродови кои ќе пловат по реката Сена околу шест километри, поточно помеѓу мостовите Понт д’Остерлиц и Понт д’Лен.
Планот е церемонијата да заврши на плоштадот Трокадеро во близина на Ајфеловата кула.
Сите оние што ќе сакаат да ја следат церемонијата од брегот на Сена ќе платат влезници, додека оние кои ќе бидат на Трокадеро нема да плаќаат влезници.
Се претпоставува дека целата церемонија ќе ја следат околу 600.000 луѓе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Фокс блескаше и против Јута, Лејкерси се во серија од пет победи, Далас ја прекина низата од четири порази
Диарон Фокс кошаркарот на Сакраменто Кингс обележа уште една ноќ во НБА лигата. Откако против Минесота постигна 60 поени, Фикс на Јута и уфрли 49. Малку недостигаше да го урне рекордот на покојниот Коби Брајант, кој на два натпревари по ред постигна 110 поени во 2007 година.
Сакраменто ја победија јута со 121:117. Покрај Фокс се истакнаа Хертер со 18, како и Лајлс со 17. Во тимот на Јута најдобри беа Лаури Марканен со 25 поени, Кијонте Џорџ постигна 19, а Колин Секстон 17.
Лејкерси не застануваат, ја забележаа петтата победа во низа. „Езерџиите“ победија во Њу Орлеанс со 104:99. Ентони Дејвис немаше милост кон својот поранешен клуб, постигна 31 поен, додаде 14 скока. Леброн Џејмс ја прекина серијата од четири трипл-дабл натпревари, заврши со 21 поен, а Далтон Кнехт ја заокружи одлична партија со рекорд во кариерата, постигна 27 поени. Кај Пеликанс, кои имаа само осум играчи во протоколот, Инграм забележа 32 поени.
Далас ја прекина серијата од четири порази, а помогна и фактот што Вембањама заработи мала повреда на коленото и го пропушти натпреварот. Во дербито на Тексас, Далас го победија Сан Антонио со 110:93.
Кајри Ирвинг постигна 22 поени, исто колку и Гафорд. Клупата на Далас придонесе со 54 поени, па Лука Дончиќ мина само 28 минути. Постигна 16 поени, шест скока и асистенции.
Спорт
(Видео) Џонс го нокаутира Миоциќ, па му го предаде појасот на Доналд Трамп
Американскиот ММА борец Џон Џонс ја одбрани титулата шампион во тешка категорија во УФЦ. Џонс во третата рунда со технички нокаут го победи поранешениот шампион на УФЦ, Стипе Миочиќ.
Џонс знаеше како да прослави. Во октагонот танцуваше како Доналд Трамп, а потоа откако го прогласија за победник и и се обрати на јавноста, дојде кај американскиот претседател и му го предаде појасот.
Стипе Миочиќ за овој меч се врати во октагонот по три и пол години пауза и беше јасно дека не е на нивото на кое беше за време на трилогијата и „војните“ кои ги водеше со Даниел Кормиер. Џонс отсуствуваше долго пред овој дуел, бидејќи последен пат беше во октагонот во март 2023 година, кога го принуди Сирил Ган да се предаде и го освои појасот.
Џонс, исклучително контроверзна фигура во светскиот спорт, често се смета за најголем ММА борец на сите времиња. Неговата надмоќ во кафезот, сепак, често беше во сенка на проблемите со законот, но и со допингот, кој го имаше надвор од арената.
Со триумфот над Миочиќ дополнително го зацврсти статусот на легенда на ММА, бидејќи пред да го освои и одбрани појасот во тешка категорија, долго време беше неприкосновен владетел во полутешка категорија на УФЦ (до 93 килограми).
Jon Jones just won his UFC fight and did the Trump dance. pic.twitter.com/0yXSF20pUU
— Clay Travis (@ClayTravis) November 17, 2024
Спорт
Просинечки: Катастрофа, ќе видиме што и како понатаму
Избраниците на Роберт Просинечки, фудбалерите на Црна Гора, не успеаја да стигнат до позитивен резултат ниту во петтото коло од Б дивизијата на Лигата на нации. По Исланд, Велс, Турција, и Исланд Црногорците во Никшиќ со 2:0 загубија од Исланд.
Јасно е дека Црна Гора во следниот циклус во Лигата на нации ќе игра во Ц дивизијата. Селекторот Просинечки по натпреварот не го криеше разочарувањето во разговор со новинарите.
„Катастрофа сигурно, ова е веќе седми пораз во низа. Примивме два евтини гола, но тие се физички добра екипа. Не ги искористивме шансите, тешко беше да се вратиме потоа. Не го направивме тоа што требаше, дури и доминиравме во еден период, но тоа не беше доволно“, изјави селекторот Роберт Просинечки и продолжи:
„Ќе разговарам со претседателот Савиќевиќ по мечот со Турција, па ќе видиме што и како понатаму. Што се однесува до пресметката со Турција, прашање е колку ќе можеме да се вратиме и да се мотивираме по поразот од Исланд“.
Натпреварот меѓу Црна Гора и Турција е закажан за 19 ноември со почеток во 20:45 часот во Никшиќ.